ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Руската Федерација е држава која е распространета во источна Европа и Северна Азија. Територијата на Русија, утврдена со нејзиниот Устав е 17.125.407 км² и ја има најдолгата крајбрежна линија во светот (37.653 км). Тоа на Русија и овозможува да има значајна улога како во Европа, така и во Азија. Русија е еден од клучните учесници во меѓународните односи.

 

Населението во Русија е 146.880.432 жители (2018 г.). Русија е на прво место во светот по својата територија и на деветто место по бројноста на населението.  Во состав на Руската Федерација влегуваат 85 субјекти, од кои 46 области, 22 републики, 9 краеви, 3 градови со федерално значење, 4 автономни окрузи и една автономна област.

Русија се граничи со 18 држави (со најголем број во светот), вклучувајќи и две делумно признаени*, од кои по копно со следните држави: Норвешка, Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Белорусија, Украина, Абхазија*, Грузија, Јужна Остија*, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија, Северна Кореја, и по море со Јапонија и САД.

Почетокот на руската државност е во 862 година. Русија денес е повеќенационална држава, која се одликува со голема етнокултурна разновидност. Русите сочинуваат 79,83% од населението на државата. Поголемиот дел (околу 75%) од населението припаѓаат на православната религија, што ја прави Русија држава со најмногубројно православно население во светот. Официјалниот јазик на Руската Федерација е руски.

Главен град на Русија е Москва. Бројноста на населението во Москва по податоците на „Росстат“ (2017 г.) изнесува 12.380.664 жители, со што таа е најнаселен град во Русија и во Европа. Во Русија има 15 градови со население повеќе од еден милион: Москва, Санкт-Петербург, Новосибирск, Екатеринбург, Нижни Новогород, Казањ, Самара, Омск, Чељабинск, Ростов на Дон, Уфа, Перм, Краснојарск, Вороњеж и Волгоград. Во Русија има 11 часовни зони (+2...+12).

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon