ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Новости и настани

Донација од Домот на руското зарубежје

„А. Солженицин“

Скопје, 22 октомври 2019

Денес на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, му беше предадена донација од 300 книги од областа на руската литература и учебници по руски јазик, од Домот на руското зарубежје „А.Солженицин” од Москва. По тој повод на настанот се обратија амбасадорот на Руската Федерација во Република С.Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, претставникот на Домот на руското зарубежје, Татјана Јуревна Иринархова и директорот на Рускиот центар при УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски.

Во своето излагање, амбасадорот Баздникин, меѓу другото истакна: „Добро знаете дека во просториите на Рускиот центар можете бесплатно да го учите рускиот јазик, да читате руски книги, да гледате филмови, да присуствувате на предавања итн. Овде секој има можност подобро да се запознае со најбогатата литература и култура на Русија. Убеден сум дека ова книжевно богатство значително ќе помогне во работата на Рускиот центар“.Т.Иринархова, ја претстави дејноста на Домот на руското зарубежје и ги запозна присутните со неговата улога во одржувањето на врските со руските сонародници и нивната улога и значење во заедничката руска култура. Во оваа прилика беше прикажан и краток филмски запис за Домот на руското зарубежје и ново отворениот музеј.

Директорот на Рускиот центар, проф. д-р В.Стојковски се заблагодари за донацијата и изрази задоволство од проширувањето на библиотеката, која со оваа донација ќе брои околу 3.500 книги.На настанот присуствуваше и познатиот руски писател, публицист и ректор на Литературниот институт „М.А.Горки“ од Москва, Алексеј Николаевич Варламов. А. Варламов во попладневните часови одржа предавање пред слушателите на курсевите по руски јазик, а потоа во пријатна и непосредна атмосфера во библиотеката на Рускиот центар следеше неформално дружење и дискусија на теми од областа на литературата.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon