ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Новости и настани

Одбележување на годишнината од Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и денот на општина Дебрца

Црвена вода, 3 окомври 2019

Во селото Црвена Вода, општина Дебрца беше одбележана 76-годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, ден кој се одбележува и како патронен празник на општина Дебрца.
На настанот кој беше организиран од мештаните од село Црвена Вода, општина Дебрца, Организацијата на Сојузот на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста за општините Охрид и Дебрца присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија, Никола Стојаноски претседателот на Општинската организација на Сoјузот на борци на Охрид и Дебрца Гоце Георгиевски, кои се обратија пред присутните, како и заменик градоначалникот на Охрид Ристо Николески и други гости. На настанот исто така присуствуваа и вториот секретар на Амбасадата на Руската Федерација Виктор Дјаков и административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и координатор на движењето „Волонтери на победата“ д-р Елена Обухова.

На крајот на манифестацијата на споменикот посветен на овој настан кој се наоѓа во дворот поранешното училиште во кое за време на војната бил сместен Главниот штаб на НОВ и ПОМ а денес е спомен дом на македонската борба, беше положено цвеќе.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon