Ден на дипломатскиот работник

Новости и настани

Битола, 9 февруари 2018

Празникот Денот на дипломатскиот работник се одбележува во Русија на 10 февруари. Тој ден е утврден со указ на претседателот на РФ на 31 октомври 2002 година во знак на одбележување на 200-годишнината на МНР на Русија. Изборот на датумот на празникот е поврзан со историското поставување на првиот министер за надворешни работи на Русија на 10 февруари 1549 година.

Во Битола во рамките на празнувањето на Денот на дипломатскиот работник се организираше традиционална церемонија на положување на цвеќе на „Рускиот крст“ - споменик на рускиот императорски конзул А.А. Ростковскиј, кој трагично погинал од раката на османлиски војник во 1903 година.

Настанот беше организиран од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија заедно со почесниот конзул на Русија во Битола, С. Самсоненко.

Пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. О.Н. Шчербак.

Амбасадорот Шчербак, во своето обраќање, меѓу другото кажа: „...Тука во Република Македонија, според старата традиција нашиот професионален празник го славиме пред споменикот на рускиот императорски конзул Александар Ростковски, убиен во овој град пред 115 години, исполнувајќи ја својата службена должност. Трагичната смрт на Александар Ростковски и неговата борба за спасување на Македонците кои во 1903 година се кренаа против османлиското ропство, не потсетува дека дипломатијата е сериозна и одговорна професија, која бара да се има не само длабоки познавања и култура на комуникацијата, туку и висок морал, а понекогаш и храброст.

Професионалниот и човечки подвиг на Александар Ростковски е дел од нашата заедничка историја, и јас сакам од се срце да им се заблагодарам на општина Битола и на сите граѓани на општината за негувањето на сеќавањата за овој истакнат дипломат и вистински пријател на македонскиот народ. Споменикот ”Руски крст“ кој го подигнаа жителите на Битола е силна потврда за моќта на нашите духовни врски и на пророчката вистина изречена од рускиот канцелар Александар Горчаков кој уште во XIX век истакна дека „надежите на нашите браќа-словени на Русија се како гравитација од која никој не може да се ослободи. Таа постои не зависно од нашиот однос кон неа...“

„...Со задоволство истакнуваме дека дијалогот меѓу Руската Федерација и Република Македонија го карактеризираат одржливо партнерство и повеќевековно пријателство меѓу нашите два народа. Целиме и натаму сеопфатно да ја унапредуваме нашата сестрана и заемно корисна соработка со нашите македонски пријатели и подготвени сме да одиме по тој пат толку далеку, колку за тоа е подготвена самата Македонија...“.

Во настанот земаа учество почеснот конзул на Русија во Битола, С. Самсоненко, поранешниот почесен конзул на Русија во Битола. Д. Крстанова, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, соработници од Амбасадата, претставникот на „Россотрудничество“ Артјом Румјанцев, претставници на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, Армијата на Република Македонија, градоначалникот на Битола, Н. Петровска, ректорот на Универитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р С. Коруноски, амбасадорот на Кина во Македонија Н.Е. Јин Лишјен, конзулот на Грција, Н. Каралекас, почесните конзули на другите земји акредитирани во Република Македонија, претставници на руските компании во Република Македонија, Сојузот на здруженијата на руско-македонското пријателство, а исто така и руските граѓани кои живеат во Македонија.

По положувањето на цвеќето, од страна на Амбасадата беше приреден прием за учесниците и гостите на церемонијата.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon