Новости и настани

Во склоп на манифестацијата Денови на руската култура во Република Македонија, во салата на Македонската филхармонија се одржа заеднички концерт на руските солисти со членови на оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Пред македонската публика се претставија Олга Артјугина (виолина), Рустем Хамидулин (виолончело) и Василиса Бержанскаја (солистка - мецосопран).

Олга Артјугина (виолина), завршила студии на Санкт-Петербуршкиот државен конзерваториум „ Н. А. Римски-Корсаков“ и завршила стажирање како асистент. Студира во Мадрид кај професорот З. Брон. Лауреат на серуски и меѓународни натпревари. Остварува активна концертна дејност во Русија и во странство.

Рустем Хамидулин (виолончело). Завршил студии на Руската музичка академија „Гнесини“. Своето образование го продолжил  во Базелската висока школа за музика и во високата школа за музика и театар во Штутгарт. Лауреат на серуски и меѓународни натпревари. Стажирал во Базелскиот симфониски оркестар, од 2015 година стажира во Симфонискиот оркестар на Југозападното радио во Германија.

Концерт на руски уметници во Скопје

Скопје, 26 октомври 2017

Василиса Бержанскаја. Завршила студии на Руската музичка академија „Гнесини“. Лауреат на серуски и меѓународни натпревари. Остварува активна концертна дејност. Од 2017 година е солистка на Deutsche Oper Berlin. Работела с многу диригенти меѓу кои: Владимир Федосеев, Алберто Ѕеда, Туган Сохиев, Фабио Мастранџело, Гинтарас Ринкјавичиус, Петер Феранец, Феликс Коробов и др.
Руските солисти со својот виртуозен настап, на публиката и приредија прекрасно доживување кое ќе се памети.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon