Новости и настани

Во Македонскиот народен театар во Скопје, денес беа свечено отворени Деновите на руската култура во Република Македонија, кои се реализираат со  меѓудржавниот договор за културна размена меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Манифестацијата ја отворија министерот за култура на Република Македонија, г. Роберт Алаѓозовски и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак.

Деновите на руската култура беа отворени со изложба „Добата на Григорович“ посветена на рускиот балет, а потоа следуваше спектакуларен концерт на Рускиот државен академски народен хор „Митрофан Пјатницки“. Големата сала на Македонскиот народен театар беше претесна да ги прими сите љубители на руската музика и култура, а уметниците беа наградувани со бурни аплаузи. Македонската публика уште еднаш покажа дека високо ги цени настапите на руските уметници во Македонија, а присутните во дружењето по концертот, на коктелот приреден од Руската амбасада, споделија заедничка оценка за прекрасниот концерт и желбата ваквите концерти да се случуваат почесто.

Отворени Деновите на руската култура во Република Македонија

Скопје, 25 октомври 2017

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon