Новости и настани

Од 14 до 19 октомври 2017 година во Скопје се одржа меѓународниот фестивал „Богородичен Покров“ под мотото „Горе да ги воздигнеме срцата“. За прв пат фестивалот се одржа во 2016 година. Идејата и организацијата на фестивалот е заслуга на  дипломираниот теолог и продуцент Зорица Костовска.

Фестивалот се одржуваше под покровителство, покрај останатите и на Кинотеката на Македонија и со благослов на Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан. Почесен претседател на фестивалот е проф. д-р Јован Таковски, протоереј-ставрофор. Еден од покровителите на фестивалот беше и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, а во подготовката учествуваше и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

На отворањето на фестивалот беше поставена изложба на чешкиот фотограф Јозеф Брож посветена на црквите и манастирите на Пресвета Богородица во Охрид, а особено црквата „Успение на Пресвета Богородица - Каменско, манастирите Трескавец, Св. Наум и други места.

Оваа година на фестивалот беа прикажани руските филмови „Црква на Христовото Воскресение“, „Раѓањето на Пресвета Богородица“, „Монах и демон“, „Свети Гаврил Угребадзе“, „Свети Јован Шангајски“, како и детските краткометражни филмови „Тројца другари“ и „Манжетни“. Почесен гостин на фестивалот беше Матушка Софија (Ишченко), претседател на Меѓународниот православен Сретенски кино фестивал „Встреча“ кој се одржува во Русија.

Филмски фестивал „Богородичен Покров“

Скопjе, 19 октoмври 2017

Матушка Софија одржа работилница на тема „Методологија на филмската едукација на децата за наставници од основното образование и родители“. На работилницата присуствуваа наставници од училиштата и љубители на филмот со кои се дискутираше за тоа како и зошто децата треба да научат да гледаат филм, за да можат да ја разберат неговата смисла и парабола. Во текот на работата на работилницата беа користени три цртани филмови: „Морошка“, „Парабола за гулабот“ (цртан филм создаден од деца) и „Чудо“. Матушка Софија истакна дека, наставникот најпрвин треба да го научи детето да ја определи идејата на филмот, да го научи да разбере зошто го гледа филмот, и какви позитивни лекции може да извлече од него и да ги примени во реалниот живот.

На 18 октомври во Охрид, во рамките на фестивалот се одржа проекција на чешкиот филм „Светите Кирил и Методиј“.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon