Новости и настани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, се одржа концерт на руските уметници - лауреатите Данила Јефремов (кларинет) и Иван Калатај (фортепиано).
Во организација на концертот беа вклучени Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Министерството за култура на Руската Федерација и руската државна агенција Россотрудничество, со помош на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Концертот е дел од проектот „Амбасада на мајсторстово“ на Санкт-Петербуршкот Дом на Музиката и Россотрудничестово, кој е започнат во 2012 година и се резлизира преку одржување на концерти на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура. Одржани се бројни концерти во 45 земји на сите континенти.

Данила Ефремов е роден во 1988 година во Новосибирск. Во 2007 година го завршил Новосибирскиот музички колеџ - „А.Ф. Муров“ (класа на почесен работник на културата во Руската Федерација, Сергеј Бирјуков), а потоа дипломирал на Новосибирскиот државен конзерваториум - „М.И. Глинка“ (во класата на Маргарита Аунс). Во моментов е солист на Новосибирскиот академски симфониски оркестар.

Концерт на Данила Јефремов и Иван Калатај во Охрид

Охрид, 12 октомври 2017

Иван Калатај е роден во 1995 година во Новосибирск. Во 2013 година дипломирал на Колеџот за музика на Новосибирскиот државен конзерваториум - „М.И. Глинка“ (класа на почесниот уметник на Република Узбекистан, проф. Тамара Игнојан). Во моментов е студент на Новосибирскиот конзерваториум во класата на истата професорка.

Двајцата лауреати се добитници на бројни меѓународни награди.

Охридската публика имаше исклучителна можност да ужива во виртуозната изведба на делата на Чајковски, Гречанинов, Шопен и други композитори.

Им честитаме на Данила Ефремов и Иван Калатај за незаборавниот настап и се надеваме дека повторно ќе ги видиме во Македонија.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon