Новости и настани

Во Струга се одржа свеченото отворање на „Струшките вечери на поезијата“. 56 – от фестивал свечено започна под отворено небо со традиционалното читање на песната „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, со парада со факели и со голем огномет. Годинава на првата вечер настапија 30 поети од следните држави: Албанија, Австрија, Алжир, Белорусија, Белгија, Бугарија, Канада, Кина, Колумбија, Еквадор, Грција, Хондурас, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Турција и Велика Британија.

 

Русија на фестивалот оваа година ја претставуваше поетот, литературен и ликовен критичар Дмитриј Голинко, доктор на филолошки науки (на Државниот педагошки универзитет во Санкт-Петербург).

Дмитриј е автор на следните збирки поезија: „Хомо Скрибенс“ (1994), „Директорија“ (2001), «Бетонски гулаби» (2003) и многу други.

Струшки вечери на поезијата

Струга, 23 август 2017

На фестивалот Дмитриј настапи со песната во два дела „Поместена по фаза“. Дмитриј чита поезија на свој посебен, изразит и остар начин, кој не може гледачот да го остави рамнодушен. Во Македонија тој е за прв пат, но за „Струшките вечери на поезијата“ тој знае одамна, многу комуницирајќи со македонските поети. Дмитриј смета дека е можна и потребна соработка меѓу македонските и руските писатели, која може да биде многу плодна во областа на преводот.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon