ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Новости и настани

Концерт на државниот симфонискиот оркестар од Бријанск во Охрид

Охрид, 15 јули 2019

Во рамките на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“ во Охрид се одржа концерт на државниот симфонискиот оркестар од Бријанск, Русија.

Државниот симфонискиот оркестар од Бријанск е основан во 2011 година од Едуард Амбарцумјан, заслужен уметник на Руската Федерација и уметнички директор и диригент на ансамблот.
Оркестарот настапува не само во Русија, туку е познат на меѓународната сцена (Франција, Полска и тн.).
Вечерва, публиката во Охрид имаше исклучителна можност да ужива во нивната вуртуозна изведба.

На концертот присуствуваа и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски со сопругите.
По повод настапот на руските уметници на фестивалот "Охридско лето", Амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. С.А. Баздникин со сопругата по завршувањето на концертот, во Долни Сарај приредија коктел "Руска вечер".

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon