Новости и настани

Над 150 моторџии од клубот „Ноќни волци“ од Русија, Словачка, Србија, Република Српска, Бугарија и Македонија, пристигнаа во Охрид. Тие реализирајќи го својот проект „Славјански свет“ ќе поминат повеќе од 3.500 км за 20 дена.

За време на нивниот престој во Охрид, делегација од четири претставници го посети Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Притоа, русинот Евгениј Страгов, го запозна почесниот конзул со мисијата на проектот, а тоа е дека сите словенски народи имаат исти корени, а симбол на маршутата на ова патување се словенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Писменоста започнала од Охрид и се проширила низ словенските земји, и затоа нивно задоволство е што се во светиот град Охрид, лулка на словенската писменост.

Во секоја земја од маршутата по која што патуваат, тие симболично подаруваат и разменуваат икони од светци.

Во оваа прилика Страгов му подари на Почесниот конзулат икона од Пресвета Богородица „Прибавление ума“, додека од Почесниот конзул добија подарок, теракотна икона „Константинов крст“ (IV-V в.) дел од колекцијата икони откриена во Виничко кале, Република Македонија.

„Ноќните волци“ во Охрид

 

Охрид, 30 јуни 2017

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon