Новости и настани

На 27 маj во црквата Св. Софиjа во Охрид се одржа празничен концерт посветен на Денот на словенската писменост и култура. Пред почетокот на концертот беше положено цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиj.

Учесници на концертот беа млади македонски пиjанисти под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски.

Наjмладата учесничка Џеврие Туле има само 10 години. Со прекрасните изведби многуброjната публика jа воодушевиjа и Владимир Србиноски, Искра Атанасова-Митуш, Галина Куценко, Александар Ташев, Викториjа Митеска, Фросина Траjковска, Анастасиjа Кочева, Кољос Цури, Душко Дембоски и Томе Костовски. Пред публиката беа изведени дела од разни автори, вклучуваjќи дела од В.А.Моцарт, Р.Шуман, С. Прокофjев, С. Рахмањинов и други.

 

Празничен концерт посветен на Денот на словенската писменост

 

Охрид, 27 мај 2017

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon