Новости и настани

По повод празникот на Светите Кирил и Методиј и Денот на словенската писменост, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ беа организатори на предавање на тема „Старословенската азбука како молитва“, во чест на Сесловенските просветители.

Целта на овој настан беше уште еднаш да се покаже колкаво богатство се содржи во таа азбука што ја имаме и да се истакне нејзината сакрална смисла, како и црковното значење.

Да се  покаже дека словенските просветители Кирил и Методиј, создадоа азбука со чие ширење ги просветија сите словенски народи, и од која подоцна се создаде црковнословенскиот јазик, кој и ден денес е актуелен како во Русија, така и во Македонија и дополнително придонесува за блискоста на двата словенски народи.

На крајот од настанот присутните имаа можност да разменат мислења и да се освежат со оригинален руски чај.

 

Предавање за Сесловенските просветители

 

Охрид, 23 мај 2017

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon