Новости и настани

Во Охрид на 21 април беше поставен Гинисов рекорд за најголема шопска салата. Идејата за поставување на рекордот потекна од Ина Жарова, директор на «Македонската куќа» во Москва и Олег Назаров, познат ресторански критичар, кој веќе поставил 16 гастрономски Гинисови рекорди. Овој рекорд беше 17-от. Третиот организатор на настанот за поставување на рекордот е Наум Бакрески, сопственикот на хотелот „Гарден“ во Охрид, каде и се одржа настанот.

На настанот присуствуваа претставникот на меѓународната агенција „Интеррекорд“  и набљудувачи од 5 држави: Ерменија, Киргистан, Белорусија, Украина и Русија, претставници на локалната самоуправа и Претставник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Приготвувањето на салатата траеше 8 часа пред свечениот почеток на настанот, а последната тура пред комисијата ја подготвија претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, набљудувачите од наведените држави и познати јавни личности од градот.

Во Охрид беше поставен Гинисов рекорд за најголема шопска салата

 

Охрид, 21 април 2017

Вкупната тежина на салатата изнесуваше 202,86 кг. Салатата имаа можност да ја пробаат сите присутни, а дел беше предаден на Црвениот крст, со што беше нагласен хуманитарниот карактер на настанот.

Секако, главната цел на настанот беше не само Охрид да се најде во Гинисовата книга на рекорди туку и желбата градот да се популаризира меѓу жителите на Руската Федерација и другите земји, и да се покаже колку е привлечен не само со своите споменици од древната архитектура, традициите, туку и со величествената кујна.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon