Литературна средба

Новости и настани

Охрид, 21 март 2017

Библиотека „Григор Прличев“ и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, во читалната на библиотеката органи-зираа литературна средба посветена на творештвото на Ана Ахматова и Марина Цветаева.

Присутните ги поздрави директорката на библиотеката, Александра Белевска.

Во рамките на настанот посетителите имаа можност да ги збогатат своите знаења за животот и делото на поетесите, а исто така да слушнат стихови, кои ги рецитираа Елена Обухова, Тоде Илиевски и Маjа Моjсова, како и аудио записи на познати песни според стиховите на Цветаева и Ахматова.

Посебно задоволство приредиjа гостите на настанот, кои по сеќавање рецитираа омилени песни од поезијата на Ана Ахматова, а исто така и извадоци од преписката на Марина Цветаева и Рајнер Рилке.  

На крајот од настанот, во пријатна атмосфера посетителите  разменија впечатоци со шолjа чаj и колачи.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon