Празнување на Масленица во Охрид

Новости и настани

Охрид, 20 февруари 2017

Масленица е древен словенски празник со многубројни обичаи, кои што низ вековите се пренесувале до денес. Масленица се одбележува во седмицата пред Велигденскиот пост, а оваа година се одбележува од 20 до 26 февруари.

Масленица означува весело испраќање на зимата и радосно дочекување на пролетта. Најважни карактеристики на празникот се: страшилото Масленица, забави, прошетки, и се разбира палачинки – округли и румени, кои порано имале ритуално значење и го симболизирале сонцето.

В Охрид на 20 февруари се празнуваше Масленица. Во празнувањето учествуваа руските сонародници кои што живеат во Охрид, како и љубителите на руската култура.

Присутните ги поздрави Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Во прекрасна и топла атмосфера со традиционална руска музика, присутните ги дегустираа палачинките и другите вкусни руски специјалитети.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon