Богојавление во Охрид

Новости и настани

Охрид, 19 јануари 2017

Во Охрид се празнуваше празникот Богојавление – Водици.

Светиот празник во Македонија се одбележа со традиционалното капење во водите на реките и езерата осветени од свештенослужителите, како и со народни манифестации. Според   востановениот обичај, по служењето на литургијата во реките и езерата беше фрлен дрвен крст, по кој во водата влегоа голем број верници.

Фаќањето на крстот од водата е голема чест. Тој, на кого тоа ќе му успее да го направи, по преданието, ќе има добро здравје, успех и спокојство во душата целата година.

Водата во Охридското езеро беше осветена од свештенослужителите на Македонската православна црква. Во празнувањето зедоа учество неколку илјади граѓани, меѓу кои и градоначалникот на град Охрид, г. Никола Бакрачески, претставниците на Советот на град Охрид, претставници на дипломатскиот кор, првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, г. Александар Евгењевич Алексеев и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon