Новости и настани

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и Музејот на град Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Руската Федерација и Россотрудничество, на 18 април во Музејот на град Скопје во Република Македонија беше претставен проектот „Амбасадата на мајсторството“. Тоа е исклучителен проект на Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и руската државна агенција Россотрудничество, кој е започнат во 2012 година и се реализира преку одржување концерти на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура, во странски држави. До сега се одржани 60 концерти во 22 земји во светот.
Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката е исклучително значајна институција за обука на младите руски музичари.

Тој е сместен во уникатен архитектонски споменик на културата – Палатата на Големиот Кнез Алексеј Александрович, брат на царот Александар III. Во последните 10 години уметниците од оваа институција одржале повеќе од 1000 концерти на сите големи сцени во Русија и во странство, а во програмите земале учество повеќе од 3000 солисти. Овие концерти биле посетени од повеќе од 317000 слушатели.
Во Скопје, со концерт се претставија двајца исклучително талентирани млади руски уметници – Алексеј Мељников (пијано) и Владимир Устјанцев (саксофон), добитници на бројни признанија од светските музички сцени и натпревари. Во оваа прилика пред македонската публика беа изведени дела од Бетовен, Шопен, Витали, Франк, Албенис и Гершвин, кои со својата виртуозна изведба им подарија на присутните прекрасна вечер која долго ќе се памети.

Алексеј Мељников и Владимир Устјанцев се претставија пред македонската публика

Скопје, 18 април 2017

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon