Новости и настани

На 17 јуни во 19.30 часот во црквата Света Софија во Охрид, се одржа концерт на големиот руски уметник Јуриј Шишкин.
Шишкин со своите виртуозни изведби на хармоника, настапувал во повеќе земји, како Холандија, Белгија, Германија, Финска, Шведска, САД, Канада, Кина, земјите од Латинска Америка и др, а пред охридската публика се претстави со делата на Семјонов, Гонтаренко, Доренски, Лекуона, Рахмањинов, Римски-Корсаков и Менделсон. Исто така заедно со него настапи и неговиот ученик. Публиката многу топло го прими навистина виртуозниот и емотивен настап на маестрото.

Јуриј Шишкин оствари контакт со руските сонародници и рече дека во Охрид доаѓа по втор пат, истакна дека го воодушевиле древните споменици на архитектурата и прекрасната природа, поради што тој со семејството по завршувањето на концертите во другите градови, ќе се врати овде за да се одмора и да работи во таквата интересна атмосфера. Познатиот виртуоз на хармоника истакна дека тој многу сака да работи и на 16-годишна возраст на вежбањето му посветувал по 12 часа дневно, а вкупно со музика се занимава веќе 47 години, од седумгодишна возраст. Секоја упорност се наградува и благодарение на неа, а исто така и на исклучителниот талент, Јуриј Шишкин е толку популарен во светот.

Концерт на Јуриј Шикин во Охрид

Охрид, 17 јуни 2017

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon