Новости и настани

12 април по предлог на Генералното собрание на ООН е прогласен за Меѓународен ден на летот на човекот во вселената. Имено, на тој ден во 1961 година бил извршен првиот лет на човекот во вселената од страна на граѓанинот на СССР Јуриј Алексеевич Гагарин. Вселенскиот брод „Восток“ бил лансиран од космодромот Бајконур, кој е најголемиот космодром во светот. Овој историски настан го отвори патот на истражувањата на вселенските пространства. Летот започнал во 9 часот 6 минути и 56 секунди по московско време и траел 108 минути. Облетувајќи ја Земјата еднаш, космонавтот добил команда да се приземји. Приземјувањето се случило во 10.55 во степите недалеку од Саратов. На височина од неколку километри Гагарин се катапултирал и извршил меко приземјување со пaдобран недалеку од приземјеното летало. Во знак на признание за овој подвиг кој ја сменил иднината на човештвото, на Гагарин му било доделено звањето Херој на Советскиот Сојуз.

Во спомен на овој ден, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македо-нија организираше положување цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин во Скопје.
На присутните им се обрати Амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, а цвеќе покрај претставниците на Амбасадата, положија и градоначалникот на Скопје, Коце Трајанов-ски, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, претставници на Лукоил, претставници на здруженија на граѓани и граѓани присутни на настанот.
На крајот, присутните симболично пуштија во воздух 56 сини балони.

Во Македонија е одбележан Меѓународниот ден на летот на човекот во вселената

Скопје, 12 април 2017

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon