Одбележан денот на дипломатскиот работник

Новости и настани

Битола, 10 февруари 2017

Празникот Денот на дипломатскиот работник се одбележува во Русија на 10 февруари. Тој ден е утврден со указ на претседателот на РФ на 31 октомври 2002 година во знак на одбележување на 200-годишнината на МНР на Русија. Изборот на датумот на празникот е поврзан со историското поставување на првиот министер за надворешни работи на Русија на 10 февруари 1549 година.

Во Битола во рамките на празнувањето на Денот на дипломатскиот работник се организираше традиционална церемонија на положување на цвеќе на „Рускиот крст“ - споменик на рускиот императорски конзул А.А. Ростковскиј, кој трагично погинал од раката на османлиски војник во 1903 година.

Настанот беше организиран од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија заедно со почесниот конзул на Русија во Битола, С. Самсоненко.

Пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. О.Н. Шчербак.

Во настанот земаа учество заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, И. Исајловски, министерот за финансии на Р. Македонија, К. Миновски, соработниците на Амбасадата, поранешниот почесен конзул на Русија во Битола Д. Крстанова, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски,  градоначалникот на град Битола В. Талевски, претставниците на Градскиот совет, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, почесните конзули на другите држави  акредитирани во Битола, претставници на руските компании во Република Македонија, Сојузот на здруженијата на руско-македонското пријателство, а исто така и руските граѓани кои живеат во Македонија.

По положувањето на цвеќето, од страна на Амбасадата беше приреден прием за учесниците и гостите на церемонијата.

 

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon