Новости и настани

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Репбулика Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и општина Охрид, во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид беше отворена изложбата “Победата над фашизмот”.

На изложбата беа претставени 30 фотографии на кои е прикажано ослободувањето од фашизмот во неколку европски градови, во кое учествуваше Советската армија.

Пред присутните се обратија почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, г. Александар Евгењевич Алексеев и градоначалникот на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески.

 - Денес 9 мај се празнува во повеќе од 50 земји во светот кои во Втората светска војна беа на страната на антифашистичката коалиција. 9 мај, не е само ден на побадата над фашизмот, тоа е ден на победата на доброто над злото, ден на слободата. Македонија има право со гордост да го одбележува овој празник со оглед на тоа дека од 1.700.000 жртви од поранешна Југославија во Втората светска војна, околу 30.000 биле од Македонија. Со капитулацијата на Германија се заврши едно од најкрвавите поглавја од човековата историја, во кое животот го загуби речиси 2,5% од светското население или 60 милиони жртви. Овој ден треба да го одбележуваме за да не заборавиме на генерациите кои го дадоа својот живот за она што ние денес го имаме. Да знаеме тоа да го цениме и чуваме, истакна Стојковски.

 

9 мај треба да биде ден кој уште еднаш ќе не потсети на сето она што нашите предци кои учествувале во војната го дале, својот живот за ние денес да живееме во слобода и да се потсетиме дека она што сме го добиле не сме го добиле случајно, рече првиот секретар на Руската амбасада во РМ, Александар Алексеев.

 - Фотографиите се една реална слика за тоа што се случувало во тоа време. Овие стари фотографии се документ за оние кои го дале животот, кои војувале во тие тешки години. Ако ги погледнете внимателно сите фотографии можете да го видите вистинскиот израз на лицата кога немало современи технологии како фотошопот и затоа може да се видат реалните ликови кои со голема радост го дочекале денот на победата, рече Алексеев.

Пред присутните се обрати и градоначалникот Никола Бакрачески кој истакна дека отворањето на изложбата е доказ повеќе за одличната соработка со Русија која и понатаму ќе продолжи да се развива.

Во Охрид е отворена изложбата “Победата над фашизмот”

 

Охрид, 8 маj 2017

 - Рускиот народ во текот на Втората светска војна даде најголем придонес во поразувањето на фашизмот, најголемото зло на 20 век. Заедно со сојузниците меѓу кои и македонскиот народ, со многу пролеана крв, беше победен фашизмот и неговата идеологија која го поробуваше светот, ги уништуваше цивилизациските вредности, слободата и демократијата. Горди сме што бевме дел од победничката антифашистичка коалиција, зошто Втората светска војна за нас беше народноослободителна војна во која со многу пролеана крв дојдовме до долгоочекуваната слобода и се отвори патот за независноста на Македонија, рече Бакрачески.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon