Новости и настани

Висока делегација од Фондот „Руски мир“ денеска оствари официјална посета на Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Притоа, извршниот дирек-тор на Фондот „Руски мир“ Владимир Вјачеславович Кочин, на Рускиот центар му предаде донација од 1.100 книги.

Настанот започна со едноминутно молчење за жртвите од терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург каде загинаа 14 лица, а над 50 беа повредени.

Покрај деканите, сенаторите, професори и соработници на Универзитетот, на настанот присуствуваа и Архиепископот Охридски и Ма-кедонски г.г. Стефан, Епископот Хераклејски г. Климент, заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, заменик раководител-от од Фондот „Руски мир“ Владимир Леонидо-вич Литаренко и други гости.

Настанот го отвори директорот на Рускиот центар, проф. д-р Велимир Стојковски, кој се осврна на работата на Центарот. Според директорот, една година од отворањето, Центарот стана препознатливо место не само во рамките на Универзитетот, во градот Скопје, туку и во целата држава. Тој денес е место каде што можат да разменуваат мислења сите љубители на рускиот јазик, литература, историја, наука, но и место каде што ќе може да се научи нешто ново. Денес центарот работи успешно, со што Македонија стана 47 земја во која е отворен ваков центар. Руските центри се отворени ширум светот, од нашето најблиско опкружување, од Бугарија, Грција и Србија, преку Словенија, Австрија, Италија, Шпанија, Португалија, Германија се до Велика Британија и Финска, и од балтичките земји, Кина, Јапонија, САД, се до Еквадор.

Гостите ги поздрави и  ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој го нагласи големиот интерес за изучување на рускиот јазик. Посочи дека на првиот конкурс за бесплатно изучување на рускиот јазик пристигнаа 983 пријави од кои со оглед на можностите курсот го посетуваа 300 кандидати, а вториот курс ќе го посетуваат 700 кандидати кои ќе го изучуваат рускиот јазик.

Посета на делегација на Фондот „Руски мир“ на Рускиот центар при УКИМ

Скопје, 5 април 2017

Извршниот директор на Фондот „Руски мир“, Владимир Вјачеславович Кочин, во своето обраќање потенцираше дека Фондот беше во право кога донесе одлука да го отвори Рускиот центар во Скопје. Центарот ги има сите услови за изложби, фестивали и други настани за промоција на руската култура. Во однос на перспективите за соработка тој изра-зи подготвеност да помогнат Рускиот центар да ги задоволи интересите за изучување на рускиот јазик и култура во земјата.

Амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, кој го помогна отворањето на Центарот, истакна дека работата на Рускиот центар станува се подинамична и исполнета со различни настани коишто предизвикуваат голем интерес кај студентите, академската и пошироката јавност.

Според него, визит карта на оваа институција е бесплатниот курс за изучување на рускиот јазик.

– Рускиот центар стана вистинско катче на руската култура и јазик и една таква институ-ција треба да има соодветна библиотека. По денешното предавање на уште една голема донација книги може да кажеме дека овој Центар навистина располага со таква добра библиотека. Се надевам дека оваа институција ќе продолжи со работа во интерес на зајакну-вање на меѓусебната соработка и врски меѓу нашите два народа и држави, рече Шчербак.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon