Новости и настани

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, свечено му го врачи на Велимир Стојковски конзулскиот патент од Министер-ството за надворешни работи на Руската Федерација, за неговото назначување за Почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

На церемонијата која се одржа во просто- риите на амбасадата на Русија во Скопје, присуствуваше и советникот-министер г. Константин Алексеевич Берсенев.

Н.Е. О.Н. Шчербак, при тоа го истакна значењето на настанот со оглед на тоа што В. Стојковски е првиот Почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

Врачување на конзулскиот патент на Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид

Скопје, 29 февруари 2016

Велимир Стојковски, изрази уверување, дека од сега, со заеднички заложби, врските меѓу двете држави и двата народа ќе се зацврстуваат и ќе се развиваат за доброто на Русија и Македонија.

Истиот ден В. Стојковски од страна на амбасадорот ѝ беше претставен на заменикот министер за надворешни работи на Република Македонија, г. Драгана Кипријановска, на која согласно со востановената меѓународна практика, тој ѝ го предаде својот конзулски патент.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon