Новости и настани

На 26 мај о.г. во Скопје свечено започна манифестацијата „Деновите на духовна култура на Русија во Македонија“. Како дел од манифестацијата се одржaa концерти на руски групи во Скопје, Битола и Охрид.

Филхармониската хорска капела „Јарославија“ од Јарославската државна филхармонија, одржа концерт во црквата „Св. Софија“ во Охрид. Хорот исполни класични хорски нумери од руски композитори и литургиски песнопенија, под диригенство на уметничкиот раководител проф. Владимир Контарев.

Денови на духовната култура на Русија во Македонија

Фото: Кристијан Љушев

Охрид, 26 мај 2016

Големиот број на љубители на музиката имаа исклучителна можност да уживаат во прекрасната изведба на овој познат хор.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon