Во Македонија се одбележа 55-годишнината од првиот лет на човекот во вселената

Новости и настани

Скопје, 14 април 2016

На 12 април 1961 година во 9 часот и 7 минути наутро од космодромот Бајконур се изврши лансирање на ракетата-носач со вселенскиот брод „Восток“, со кој пилотот-космонаут 27-годишниот Јуриј Гагарин прв во светот го изведе својот легендарен лет во вселената. Со тоа мечтата  стана реалност – првиот човек тргна да ги покори вселенските пространства. Започнувајќи со пилоти- рани вселенски летови, СССР стана првата „вселенска суперсила“. Тој датум секоја година се одбележува во знак на почетокот на вселенската ера за човештвото.

По тој повод, на 14 април 2016 година Амбасадата на Руската Федерација во Македонија во соработка со невладината организација Macedonia Welcome Center одржа презентација. Пред присутните се обрати Амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. О.Н. Шчербак кој се осврна на значењето на летот на првиот човек во вселената, Ј.А. Гагарин, како и на основните историски пресвртници на освојувањето на вселената и темата за развојот на меѓународната вселенска соработка. Во рамките на презентацијата беше отворена изложбата „Нашиот Гагарин“, подготвена од Амбасадата во соработка со ОАО „Обединета ракетно-вселенска корпора-ција“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКиМ) во Скопје, како и видео филм посветен на историјата на руската космонаутика. Церемонијата заврши со полагање на цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин и пуштање во небото на 55 балони.

На свеченоста исто така присуствуваа и претставници на МНР на Македонија, пратеници на македонскиот парламент, градоначалникот на општина Карпош, С. Јакимовски, ректорот на УКиМ В. Стојковски, претставници на руските компании кои што работат во Македонија, претставници на научни, културни и образовни институции и дипломатскиот кор, како и заинтересирани граѓани.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon