Новости и настани

Во националната и универзитетска библио-тека „Св. Климент Охридски” се одржа промоција на македонското издание на книгата „Несвети, а свети” од Епископот Јегоревски Тихон. Книгата е во издание на Кумановско-осоговската епархија при Маке-донската православна црква, а со благослов на Митрополитот кумановско-осоговски, г. Јосиф.

Книгата ја претстави деканот на Право-славниот богословски факултет при Универз-итетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски, по што на многубројните присутни гости им се обрати авторот.

На промоцијата присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов, поглаварот на Македонската православна црква, Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, архи-ереите на Македонската православна црква, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак со сопругата, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, директорот на НУБ, г. Иван Заров, претставници на црковните, обра-зовните и општествените институции во државата, руската дијаспора, претставници на странскиот дипломатски корпус, академи-ци, професори, студенти, видни гости и др.

Во Скопје се одржа промоција на книгата „Несвети, а свети“ од Епископот Јегоревски Тихон

Фото: Премин Портал

Скопье, 4 октомври 2016

По промоцијата се одржа мал концерт на духовна музика со настап на хорот „Хармо-сини“ и рускиот квартет под раководство на Галина Георгиева, а присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата посветена на историјата на Московската Патријаршија.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon