ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

ПОСОЛЬСТВО РОССИЙСКОЙ ФЕДЕРАЦИИ

информирует граждан России, постоянно проживающих и временно находящихся на территории Республики Северной Македонии, что 1 июля 2020 года состоится всероссийское голосование по вопросу одобрения изменений в Конституцию Российской Федерации.

Принять участие в голосовании можно с 08.00 до 20.00 часов по местному времени на избирательном участке № 8196, открытом в Посольстве России по адресу: г.Скопье, ул.Пиринска 44. При себе необходимо иметь российский заграничный паспорт.

Получить дополнительную информацию о проведении голосования можно в Участковой избирательной комиссии по телефону в Скопье: (02)311-71-60 (с 9:00 до 18:00), по электронной почте: skopje@mid.ru, а также на сайте: http://конституция2020.рф

Амбасадата на Русија ги известува руските државјани за одржување на гласањето за измени во Уставот на Руската Федерација

Масленица во Охрид

Охрид, 27 февруари 2020

Во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа одбележување на Масленица за слушателите на курсот по руски јазик. Слушателите на курсот дознаа како се одбележува овој празник во Русија, научија за називите и активностите на разните денови во текот на Масленичната недела, погледаа краток уметнички филм за масленичните забави: возење со санки со тројки, санкање низ планините, борби во снежни тврдини, борби со тупаници и други панаѓурски забавни содржини. Потоа слушателите на курсот слушаа руска народна музика и беа почестени со традиционалните палачинки и со чај.

Концерт по повод Денот на бранителот на Татковината

Скопје, 22 февруари 2020

Во Скопје по повод Денот на бранителот на Татковината на Руската Федерација се одржа концерт „Славјански венец“ на Женски младински хор (Скопје) и Детски хор „Мелодија“ (Москва).

Прием по повод Денот на бранителот на Татковината

Скопје, 21 февруари 2020

Во Скопје се одржа традиционален прием по повод Денот на бранителот на Татковината. Пред бројните присутни, меѓу кои високи претставници од Кабинетот на Претседателот на Републиката, Државниот секретар на Министерството за одбрана, Началникот на Генералштабот на Армијата, претставници од Министерството за надворешни работи, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски, амбасадори и воени аташеа на другите земји, се обратија Военото и воено-воздухопловно аташе С.А. Стрижко и Амбасадорот на Руската Федерација С.А. Баздникин.

Битола, 10 февруари 2020

Во Битола, пред споменикот Руски крст, традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија. Пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. По обраќањето на амбасадорот, делегација на Амбасадата на Руската Федерација, предводена од С.А. Баздникин положи цвеќе пред споменикот. Со положување цвеќе, почит оддадоа и Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, Сергеј Самсоненко, Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, поранешниот почесен конзул на Руската Федерација во Битола, Даринка Крстанова, делегации на Министерството за надворешни работи на Република С. Македонија, градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска, претставници од дипломатско-конзуларните претставништва, генералниот директор на „Лукоил“ и делегација на Меѓународниот славјански универзитет од Свети Николе...

Денот на Св. Татјана

Охрид, 24 јануари 2020

На 24 јануари во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа настан посветен на 25 јануари – серускиот студентски ден и ден на ослободувањето на Воронеж од фашистичките окупатори.​ ​
На настанот присуствуваа слушатели на курсевите по руски јазик, сонародници и други гости – љубители на рускиот јазик и руската култура. Административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид д-р Е. Обухова им раскажа на присутните за настаните од Големата татковинска војна 1941-1945 година, кои се случиле во Воронеж, град на воена слава.
На настанот, присутните се запознаа со историјата на празникот и неговите традиции, како во Русија се одбележува денот на св. Татјана, какви верувања постојат кај современите студенти и како овој ден се одбележувал во далечното минато.​

На крајот од настанот гостите имаа можност да пробаат руски чај и да послушаат руски песни.​

Нови списанија во Почесниот конзулат

Охрид, 28 декември 2019

Во Почесниот конзулат на РФ во Охрид пристигнаа нови списанија меѓу кои „Мурзилка“, „Весели лекции“, „Наука и живот“, „Караван на историјата“ и други. Жителите на Охрид можат да ги земат во библиотеката на Конзулатот во работното време.

Нова година за слушателите на курсевите по руски јазик

Охрид, 26 декември 2019

Во ОУ „Христо Узунов“ вo Охрид се одржа новогодишна вечер за слушателите на курсевите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Слушателите на курсевите во форма на игра стекнаа нови знаења за новогодишните празници и традиции во Русија од древни времиња до денес, исто така слушаа руски песни, а атмосферата беше збогатена и со традиционален руски чај и колачиња.

Нова година во Охрид

Охрид, 26 декември 2019

На 26 декември во детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид се одржа предновогодишна прослава за децата на руските сонародници. Тие играа игри со Дедо Мраз и Снежана, пееја песни и танцуваа. Децата добија и новогодишни пакетчиња кои ги обезбеди Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, а во организирањето на настанот помогна и претседателот на друштвото за руско-македонско пријателство Томе Трајаноски.

Новогодишна работилница

Охрид, 25 декември 2019

Во пресрет на претстојните новогодишни и Божиќни празници во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид се одржа работилница за изработка на новогодишни украси. На работилницата која ја водеше административнот соработник на Почениот конзулат на РФ во Охрид д-р Елена Обухова учествуваа ученици од трето одделение од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. Во пријатниот и креативен амбиент на библиотеката учениците изработија новогодишни украси со кои ќе можат да ги збогатат новогодишните елки  и да ги израдуваат нивните блиски.

Во Скопје се одржа XIII Конференција на руските сограѓани во Република С. Македонија

Скопје, 14 декември 2019

Во салата на Музејот на Македонската борба за државност и независност во Скопје, се одржа XIII Конференција на руските сограѓани во Република С. Македонија.
Конференцијата ја отвори амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија Н.Е. С.А. Баздникин. Пред присутните се обратија претставниците на здруженијата на сонародниците, кои се членови на Координативниот совет на руските сонародници во Македонија. Дејноста на движењето Волонтери на победата беше претставена Е.Обухова. Како гости на Конференцијата присуствуваа и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р В. Стојковски и претставникот на Россотрудничество, А. Румјанцев, претставници од Амбасадата и други гости.

Во Свети Николе свечено е откриена биста на Г.Р. Державин

Свети Николе, 12 декември 2019

На Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” во Свети Николе, свечено беше откриена бистата на истакнатиот руски поет Г.Р.Державин, чие име го носи Универзитетот. Пред присутните се обрати основачот на Универзитетот и претседател на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев. Во името на Амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, бистата ја откри вториот секретар во Амбасадата, Виктор Дјаков, а цвеќе положи почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
Гаврило Романович Державин (1743-1816) се смета за најголем руски поет пред Пушкин. Роден е во градот Казањ, а починал на својот имот во селото Званка во близина на Новгород. Негови поважни дела му се одите „За смртта на кнез Мешчерски”, „Фелица”, „Бог”, „Водопад”, „Зимовка” и др.

Свечена академија во Охрид

Охрид, 7 декември 2019

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид се одржа свечена академија посветена на патронот на градот — Св. Климент Охридски. Пред бројните гости се обрати градоналчалникот д-р Константин Георгиески. Во таа пригода беа доделени и три признанија. Највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски — патрон на Охрид”, беше доделена постхумно на прерано починатиот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски, а во името на семејството признанието го прими неговата сопруга Надица Стојаноска. Повелбата „Св. Климент Охридски — патрон на Охрид” им беше доделена на Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин” и Планинарската спасувачка служба при Црвениот крст Охрид.
На настанот беше присутен почесниот кознзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.

Во Охрид е отворен регионален центар за деца со аутизам

Охрид, 5 декември 2019

Во Општата болница во Охрид е отворен регионален центар за деца со аутизам. На отворањето присуствуваа Министерот за здравство Венко Филипче, Министерот за здравство на Република Бугарија Кирил Ананиев и сопругата на претседателот Елизабета Георгиевска Пендаровска. Центарот е наменет за истовремен престoj на 120 лица, во него има логопедски и дефектолошки кабинет, спортска сала, сензомоторна и мултисензорна соба. Ова е втор регионален центар во Охрид. Првиот беше отворен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“. На отворањето со поздравен збор кон пристутните се обратија Министерот за здравство Венко Филипче и Министерот за здравство на Република Бугарија Кирил Ананиев. Во името на Амбасадата на Руската Федерација и на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид на отворањето им пренесе честитки соработникот на Почесниот конзулат во Охрид.

Недела на руската култура во Скопје

Скопје, 30 ноември 2019

Од 25 до 30 ноември 2019 во Рускиот центар при УКИМ во Скопје се одржа Недела на руската култура во Скопје. Гостите од Руската Федерација одржаа шест работилници: Современа руска литература, Руска класика во литературните музеи на Русија, Музички фолклор, Традиционални руски занаети – „Гжељ“, Училиште за надарени деца и Историска архитектура. Во работилниците учествуваа голем број на студенти, ученици, граѓани, професори од Универзитетот, а беа присутни и амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. С.А. Баздникин, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски и претставникот на Россотрудничество, А. Румјанцев.

Концерт на солисти од Санктпетербуршкиот Дом на музиката “Амбасада на мајсторството”

Скопје, 20 ноември 2019

Во Скопје, во малата сала на Македонската филхармонија се одржа концерт на солистите на Санктпетербуршкиот Дом на музиката  “Амбасада на мајсторството”. Присутните ги поздрави амбасадорот на Русија, Н.Е. С.А. Баздникин, а настапија маестро на тромбонската група во оркестарот на Државната академска капела во Санкт Петербург, Дмитриј Крилов и студентите на Државниот конзерваториум во Санкт Петербург – пијанистот Владислав Фjoдоров и трубач Алексеј Иванов, кој веќе е член на оркестарот во театарот "Мариински". Присутните уживаа во прекрасните изведби на руските солисти.

Македонско-Руски бизнис форум во Скопје

Скопје, 14 ноември 2019

Форумот беше во насока на продлабочување и интензивирање на соработката меѓу Македонија и Русија. На форумот учествува 24 компании од Руската Федерација. Пред присутните обратија претседателот на Владата на Република С. Македонија, З. Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори, д-р К. Анѓушев, заменик министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, А. Груздев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република С. Македонија, Т. Димковски и амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија, Н.Е. С.А. Баздникин. На настанот беа присутни и бројни македонски компании, петставници од Амбасадата, министерот за транспорт и врски, м-р Г. Сугарески, претседателот на Македонско-руската стопанска комора, Ѓ. Дика, извршниот директор на Комората, Д. Бешлиев, почеснот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р В. Стојковски и др.

Одбележување на 76 годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада во с. Сливово

Сливово, 11 ноември 2019

По положувањето свежо цвеќе пред споменикот во село Сливово за борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата зборуваше професорот по историја Наце Иваноски, а потоа присутните го посетија спомен домот во селото. Настаните по тој повод продолжија во село Белчишта каде деше положено цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот и на бистата на Трајче Дојчиноски. На овие настани присуствуваше и административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и координатор на движењето „Волонтери на победата“ д-р Елена Обухова, а исто така и учесници на движењето. Присутните ја посетија изложбата на дела од ликовната колонија која се одржува во село Белчишта, а потоа во ОУ „Дебрца“ кое овој ден го слави како патронен празник се одржа пригодна програма.

Во Охрид по 75-ти пат се одбележа Денот на ослободувањето на градот

Охрид, 7 ноември 2019

Во рамките на чествувањата, беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците ослободители во Спомен паркот на револуцијата, каде пред присутните со историски час за значењето на 7. Ноември се обрати претседателот на Општинската организација на Сoјузот на борци на Охрид и Дебрца Гоце Георгиевски. На настанот исто така присуствуваа и претставници на Амбасадата на Руската Федерација, Владимир Хрисанфов и Екатерина Акопјан, како и административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и координатор на движењето „Волонтери на победата“ д-р Елена Обухова кои со полагање цвеќе им оддадоа почит на ослободителите на Охрид.
Свеченостите по повод празникот продолжија во просториите на основното музичко училиште „Методи Патче“ каде се одржа свечена академија на која пред присутните се обрати градоначалникот Костантин Георгиески и настапија градскиот хор од Охрид и ученици од музичкото училиште и од гимназијата „Св. Климент Охридски.

Ден на народното единство

Москва, 4 ноември 2019

Русија денес го слави Денот на народното единство. Овој празник е во знак на сеќавање на настаните од 1612 година, кои станаа симбол за сплотување на народот пред тешкотиите и надворешните закани. Тогаш народните востаници предводени од Кузма Минин и Дмитриј Пожарски ја ослободија Москва од полските агресори.
По повод празникот, Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин организираше свечен прием во големиот дворец на Кремљ.
На приемот присуствуваше и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.

XIII Асамблеја на Фондот “Руски мир”

Јарослављ, 2 ноември 2019

Во пресрет на големиот празник Денот на народното единство, во градот Јарослављ започна XIII Асамблеја на Фондот “Руски мир”. Во присуство на високи претставници на власта, јавни личности и 600 делегати од 72 земји во светот, асамблејата ја отвори Вјачеслав Алексеевич Никонов, претседател на Управниот одбор на Фондот “Руски мир” и претседател на Комитетот за образование и наука во VII состав на Државната Дума. Присутните, меѓу другите ги поздрави и Валентина Владимировна Терешкова, првата жена космонаут, родена во Јарослављ. 
Рускиот центар при Универзитетот “Св. Кирили Методиј” во Скопје беше претставуван од проф. д-р Велимир Стојковски и д-р Емил Ниами. Во текот на Асамблејата тие имаа работна средба со раководството на Фондот “Руски мир”.

Изложба „100 раритети на Руската државност“ во Скопје

Скопје, 1 ноември 2019

По повод Денот на народното единство на Руската Федерација во Скопје се отвори документарната изложбата „100 раритети на руската државност“.

На свеченото отворање во присуство на Претседателот Стево Пендаровски, на поглаварите на верските заедници, дипломатскиот кор, како и на научната и пошироката јавност се обратија Директор на Музејот на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, Рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин, Министерот за култура, Хусни Исмаили и заменик раководителот на Федерална архивска агенција, Андреј Јурасов.

За поставката подготвен е уникатен двојазичен каталог, на руски и македонски јазик, со детален опис на сите изложени документи, кои се копија на оригиналните докумнети.

Скопје, 22 октомври 2019

Денес на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, му беше предадена донација од 300 книги од областа на руската литература и учебници по руски јазик, од Домот на руското зарубежје „А.Солженицин” од Москва. По тој повод на настанот се обратија амбасадорот на Руската Федерација во Република С.Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, претставникот на Домот на руското зарубежје, Татјана Јуревна Иринархова и директорот на Рускиот центар при УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски.
Во своето излагање, амбасадорот Баздникин, меѓу другото истакна: „Добро знаете дека во просториите на Рускиот центар можете бесплатно да го учите рускиот јазик, да читате руски книги, да гледате филмови, да присуствувате на предавања итн. Овде секој има можност подобро да се запознае со најбогатата литература и култура на Русија. Убеден сум дека ова книжевно богатство значително ќе помогне во работата на Рускиот центар“...

Филмски фестивал „Богородичен Покров“

Скопје, 14 октомври 2019

Во Скопје започна четвртиот Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности “Богородичен покров”, кој е посветен на празникот на Пресвета Богородица, со прикажувањето на рускиот филм “Варава” снимен врз основа на познатата библиска приказна за распнувањето на Исус Христос. Покрај споменатиот филм, на фестивалот ќе бидат прикажани уште два руски филма: „Потрага по верата или исповед на актерот“ и „Од дното на врвот“. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани десетина филмови од Русија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Грција, Романија и Чешка.
На свеченото отворање се обрати амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. Меѓу присутните на настанот беше и почеснот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
Организатор на фестивалот е Топ Ворлд – независна ТВ продукција од Скопје.

Скопје, 10 октомври 2019

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, во организација на издавачката куќа „Антолог“ и Катедрата за руски јазик при Факултетот, се одржа средба со познатиот руски писател Евгениј Водолазкин на тема „Неколку размисли за современиот роман“. Воведна реч за Водолазкин, одржа проф. д-р Венко Андоновски.
Размислувањата на Е. Водолазкин, за многу прашања, како што е романот, времето, животот и историјата, изкажани со едноставен и ненаметлив стил, проткаен со спонатност и филозофија, побудија нескриен интерес кај присутните, кои го следеа настанот.
Меѓу присутните, во полната сала, беа и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, шефот на катедрата за руски јазик, проф. д-р Биљана Мирчевска-Бошева и др...

Црвена вода, 3 октомври 2019

Во селото Црвена Вода, општина Дебрца беше одбележана 76-годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, ден кој се одбележува и како патронен празник на општина Дебрца.

На настанот кој беше организиран од мештаните од село Црвена Вода, општина Дебрца, Организацијата на Сојузот на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста за општините Охрид и Дебрца присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија, Никола Стојаноски претседателот на Општинската организација на Сoјузот на борци на Охрид и Дебрца Гоце Георгиевски, кои се обратија пред присутните, како и заменик...

Доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик во Охрид

Охрид, 23 септември 2019

Во Основното училиште "Христо Узунов" во Охрид беа доделени сертификатите на курсистите од втората генерација на бесплатните курсеви по руски јазик во Охрид, кои ги организира Рускиот центар при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
На доделувањето на сертификатите на присутните им се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, заменикот градоначалник на Општина Охрид, Ристо Николески и директорот на Рускиот центар при УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски. На доделувањето присуствуваше и проректорот за настава на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", проф. д-р Вујица Живковиќ.
Заедно со курсистите од оваа година, бројот на посетители на курсевите по руски јазик во Охрид е 140 посетители од сите возрасти.

Москва, 9 септември 2019

Од 04 до 09 септември 2019 година во рамките на одбележувањето на Денот на Москва се одржа семинарот и свеченото доделување на наградите на победниците на 19-от Меѓународен Пушкински конкурс за есеј кој оваа година беше организиран на тема посветена на 220-годишнината од раѓањето на великанот и основоположникот на современиот руски јазик А.С. Пушкин под наслов: „220: Пушкин под напон. Споменик или блогер? Не ѝ пречат ли класиците на новата генерација да учи руски? “ Организатори на конкурсот се управата на град Мосва и „Росискаја газета“ со поддржка на „Россотрудничество“.

На конкурсот учествуваа професори по руски јазик од многу земји во светот меѓу кои Полска, Србија, Словачка, Франција, Бугарија, Казахстан и други. Оваа година за прв пат на конкурот учествуваше и претставник од Македонија – административниот соработник на Почесниот...

Одбележана 76. годишнината од формирањето на првата регуларна воена единица во Македонија

Охрид, 18 август 2019

На 18 август во спомен собата во село Годивје беше одбележана 76. годишнината од формирањето на првата регуларна воена единица во Македонија - баталјонот „Мирче Ацев”, формиран на 18 август 1943 година на Славеј Планина, настан кој се слави како како Ден на амијата. Организатор на настанот беше Општинската организација на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид и Дебрца. Настанот го отвори и за формирањето и борбениот пат на Баталјонот, неговото подоцнежно окрупнување и за неговото влегување во составот на Првата Македонско-Косовска ударна бригада, за борбите и одбраната на ослободената територија Дебрца, говореше претседателот на организацијата, полковник Добре Велјаноски. На присутните им се обрати и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески. На настанот присуствуваше и административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и координатор на движењето „Волонтери на победата“ д-р Елена Обухова.

„Охрид крафт“

Охрид, 16 август 2019

Од 14 до 16 август во Охрид на плоштадот кај Чинарот се одржа веќе традиционалната манифестација за промоција на рачните изработки и занаетчиството насловена како „Охрид крафт“. Организатор на манифестацијата беше Општина Охрид. Учесниците претставија производи изработени во различни техники од различни материјали како дрво, свила, волна, епоксидна смола, кожа, хартија и многу други. Оваа година како и минатата на манифестацијата учествуваше друштвото на рускојазични ракотворки „Артељ“ со производи од валана волна, дрво и епоксидна смола.

Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Охрид, 4 август 2019

Од 4 до 23 август во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржува 42-от по ред традиционален Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, кој оваа година собра 75 учесници од разни земји, меѓу кои од Полска, Чешката Република, Русија, Србија, Хрватска и други. Оваа година Русија на семинарот ја претставуваат професори по македонски јазик, научни работници и студенти од четири високообразовни установи на државата: Московскиот државен универзитет, Санкт-Петербуршкиот државен универзитет, Пермскиот и Воронежскиот државен универзитет.
Во рамките на семинарот на 23 и 24 август ќе се одржи 46-та Меѓународна конференција, на која ќе бидат претставени истражувања од областа на македонистиката.

Вороњеж, 30 јули 2019

Од 15 до 30 јули на филолошкиот факултет на Воронежскиот државен универзитет се одржа „Летната школа по руски јазик и култура“, на која за прв пат учествуваа слушатели на курсевите по руски јазик при Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
На Свеченото отворање на Летната школа присутвуваа деканот на филолошкиот факултет Олга Анатолјевна Бердникова, која им се обрати на слушателите на летната школа со поздравен говор, продеканот за меѓународна соработка Марјана Јаковлевна Розенфелд, доц. д-р Наталија Алексеевна Козељскаја и раководителот на катедрата за словенска филологија проф. д-р Генадиј Филипович Коваљов.
Предавањата за слушателите на летната школа ги одржуваа искусни и истакнати професори по лингвистички и литературни дисциплини од катедрите за општа теорија на јазикот и...

Ликовна колонија „Вевчански видувања“

Вевчани, 12 јули 2019

Во Вевчани оваа година по јубилеен 10-ти пат се одржа уметничката ликовна колонија „Вевчански видувања“. Веќе 10 години во Вевчани доаѓаат уметници од разни земји, за да ја овековечат убавината на Вевчани и вевчанските извори, а исто така и за да добијат инспирација од прекрасната природа во ова живописно место за сликање на фантастични и реалистични слики на други теми.
Годинава на меѓународната колонија која траеше 3 недели, од 22.06. до 12.07. 2019 г. освен уметници од Македонија учествуваа уметници од Србија, Русија, Хрватска, Бугарија, Франција, Грција и Полска. Вкупно на колонијата учествуваа 35 уметници.
Русија годинава ја претставуваше Фјодор Сухинин, член на Московското друштво на ликовни уметници, професор на катедрата по сликарство и цртеж на РДУ „А.Н.Косигин“ (Технологии. Дизајн. Уметност). Дел од неговите слики ќе се чуваат во Вевчани како сеќавање за прекрасните моменти поминати во ова живописно место.

Охрид, 15 јули 2019

Во рамките на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“ во Охрид се одржа концерт на државниот симфонискиот оркестар од Бријанск, Русија.
Државниот симфонискиот оркестар од Бријанск е основан во 2011 година од Едуард Амбарцумјан, заслужен уметник на Руската Федерација и уметнички директор и диригент на ансамблот. Оркестарот настапува не само во Русија, туку е познат на меѓународната сцена (Франција, Полска и тн.).
Вечерва, публиката во Охрид имаше исклучителна можност да ужива во нивната вуртуозна изведба.
На концертот присуствуваа и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски со сопругите...

Концерт на лауреатите на Санктпетербуршкиот дом на музиката во Скопје

Скопје, 17 јуни 2019

Вечерва, во Скопје, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и агенцијата Россотрудничество, настапија лауреатите од Санктпетербуршкиот дом на музиката, Ана Грот (пијано), Алексеј Савиков (обоа) и Камил Мухаметдинов (виолончело). Пред присутните се обрати амбасадорот на Русија во Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, по што публиката уживаше во виртуозната изведба на делата на Телеман, Шуман, Чајковски, Пуленк, Хачатурјан и Шостакович.
По концертот, присутните можеа да ја разгледаат изложбата „Русија - најубавата земја” на тема Дивата природа на Русија, подготвена од Руското географско друштво.

Доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик во Скопје

Скопје, 13 јуни 2019

Во амфитеатарот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик кој го организираше Рускиот центар при Универзитетот во учебната 2018/2019 година. Дипломите им ги доделија амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и директорот на Рускиот центар, проф. д-р Велимир Стојковски. На настанот присуствуваше и проректорот за настава на Универзитетот, проф. д-р Вујица Живковиќ.

Заедно со завршените курсисти во оваа учебна година, бројот на посетители на крусевите по руски јазик за две години достина повеќе од 2000 лица од сите возрасти.

Прием по повод националниот празник – Денот на Русија

Скопје, 12 јуни 2019

Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија приреди прием по повод националниот празник – Денот на Русија. По интонирањето на химните на Руската Федерација и Република Северна Македонија, пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.

Проект „Волонтери на Победата“ во Охрид

Охрид, 7 јуни 2019

Во рамките на проектот „Волонтери на Победата“ со поддршка на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, се одржа за прв пат пробна активна игра за ученици „1944. Деца на победата“, посветена на децата-херои кои се бореле рамо до рамо со возрасните. Во настанот учествуваа ученици од 8 одделение од ОУ „Христо Узунов“ под раководство на класниот раководител Горица Дуцкиновиќ. Организатори на настанот беа слушатели на курсевите по руски јазик во Охрид, кои ги организира Рускиот Центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Децата стекнаа нови знаења за Големата татковинска војна, за децата – херои, покажаа остроумност, умеење за решавање на логички и креативни задачи. На настанот како организатор присуствуваше и професорот по руски јазик Боро Димоски, кој и самиот е дете на војната и кој од сопственото искуство знае колку може да биде страшна војната и дека ние треба со сите сили да го чуваме мирот.

Скопје, 6 јуни 2019

Пред споменикот на Александар Сергеевич Пушкин во истоимениот парк во општина Кисела Вода, цвеќе положија амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред присутните се обратија амбасадорот С.А.Баздникин и градоначалникот Ф. Темелковски. Свеченоста беше збогатена со концерт на групите „Славјанка” и „Чајка”, како и со прикажување на цртаниот филм за деца „Приказна за цар Салтан“.

Светскиот ден на рускиот јазик се одбележува на 6 јуни. Овој датум е поврзан со денот, кога е роден Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски поети, основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература...

Во Охрид е одбележан Денот на словенската писменост и култура

Охрид, 24 мај 2019

На 24 мај во рамките на чествувањето на празникот посветен на Св. Кирил и Методиј, во Охрид во 19:00 ч. беше положено цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, а во 19:30 ч.во црквата Св. Софија се одржа концерт на млади пијанисти, во организација на Андреја Митески, со поддшка на Дебарско-Кичевската епархија на Македонската Православна црква, фестивалот „Охридско лето“, Општина Охрид, фирмата „Медика“ и проф. д-р Ана Гацева. На настанот беше положено цвеќе од името на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Пред присутните на концертот се обрати проф. д-р Красимира Илиевска, а на концертот настапија младите пијанисти Девид Малик, Николај Петкоски и Владимир Србиноски, од класата на проф. м-р Даниел Чурковски и Ана Гаштаровска, Викторија Митеска, Александар Ташев, Њомза Џафери, Анастасија Кочева и Фросина Трајковска од класата на проф. д-р Ана Гацева.

Во Охрид одржано предавање посветено на св. Јован Шангајски

Охрид, 22 мај 2019

Денес во Библиотеката „Григор Прличев“ во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, Ана Комарова, кандидат доктор на науки, одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски (1896-1966), чудотворец и голем подвижник од XX век и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ. Настанот го отвори Милчо Јованоски, соработник на библиотеката. На предавањето присутствуваше и аташето за култура од Амбасадата на Руската Федерација, Михаил Евгењевич Крапива.
Многубројните гости во библиотеката се запознаа со многу интересни факти за животот и чудата на Свети Јован Шангајски, за неговата шестгодишна работа во битолската богословија, а исто така и за неговата меѓународна дејност за спасување на своите парохјани и на сирачињата.

Започнаа завршните испити на бесплатните курсеви по руски јазик

Скопје - Охрид, 21 мај 2019

Во Скопје и Охрид започнаа завршните испити на бесплатните курсеви по руски јазик кои ги организира Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Испитите ги полагаат 230 курсисти во Скопје и 40 курсисти во Охрид.
Заедно со овие кандидати, вкупната бројка на ученици, студенти и граѓани кои ги посетуваа курсевите по руски јазик во изминативе три години, од отворањето на Центарот до денес, е повеќе од 1.900 слушатели.

Скопје, 9 мај 2019

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, одбележувајќи ја 74 годишнината од Победата над фашизмот, денес традиционално беше положено свежо цвеќе на меморијалниот споменик на „Матка”. Споменикот е подигнат во чест на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои на 12 и 13 ноември 1944 година храбро загинаа во одбрана на браната „Матка”. Тие ја одбранија „Матка”, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици кои можеше да ги има рушењето на оваа брана.
Пред присутните се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и претставници на Организацијата на борците од НОВ...

Во Скопје одржан концерт по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот

Скопје, 8 мај 2019

Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, организираше гала-концерт посветен на 9 Мај - Денот на победата над фашизмот.
Настанот го отвори и присутните ги поздрави Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.

„Бесмртен полк“ Северна Македонија

Скопје, 8 мај 2019

Во рамките на одбележувањето на 9 мај – Денот на победата над фашизмот, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, денес на платото пред СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, постави „Ѕид на сеќавањето“ како дел од манифестацијата „Бесмртниот полк“. Во борбите против фашизмот народите на Југославија изгубиле 1.700.000 луѓе од кои само Македонија дала 33.000 жртви. Наш долг е да го чуваме споменот за хероите кои своите животи ги дале за слободата. На манифестацијата присуствуваа амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Душанка Дивљак-Томиќ, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, руски сонародници, гости од рускиот град Електростал, кој е збратимен со градот Струмица и граѓани.

Молебен во спомен на загинатите руски војници во Втората светска војна

Скопје, 8 мај 2019

Во параклисот на црквата „Св. Георги Победоносец” во Скопје кој се наоѓа во склоп на црквата „Света Троица”, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, се одржа молебен во спомен на загинатите руски војници во Втората светска војна. На молебенот присуствуваа амбасадорот на Руската Федерациjа во Република Северна Македониjа, Н.Е. Сергеj Александрович Баздникин, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, претставници на Амбасадата, руски сонародници и граѓани.

„Руско утринско кафе” во Скопје

Скопје, 25 април 2019

Во хотелот Holiday Inn во Скопје, во организација на „Добредојде” - Macedonia Welcome Centre и Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, се одржа настан „Руско утринско кафе”. Пред присутните претставници на дипломатскиот кор, амбасасори, почесни конзули, претставници на Министерството за надворешни работи, бројни гости и присутни, се обрати Амбасадорот на Русија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, со осврт на традицијата на празнувањето на Велигден во Русија. По обраќањето присутните го проследија краткиот филм посветен на празнувањето на Православниот Велигден и имаа можност да го пробаат традиционалниот руски велигденски специјалитет - кулич, како и да добијат рачно украсено велигденско јајце подготвени од главниот готвач на рускиот амбасадор. Во склоп на настанот се одржа и изложба на руски ракотворби изработени од членовите на здружението „Артељ”.

50. Државен натпревар по руски јазик

Скопје, 20 април 2019

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа јубилејниот 50. Државен натпревар по руски јазик. Овој пат, во чест на јубилејот, покрај учениците од основните и средните училишта, во одделни категории се натпреваруваа и слушателите на курсевите по руски јазик кои во организација на Рускиот Центар при Универзитетот се одржуваат во Скопје и Охрид, како и студентите од Катедрата за славистика. На отворањето на натпреварот на присутните им се обратија проф. д-р Билјана Мирчевска-Бошева, претседателот на Асоцијацијата на професори по руски јазик проф. д-р Максим Каранфиловски и Амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. На победниците во сите категории им беа врачени дипломи и пригодни награди кои ги обезбеди Амбасадата на Руската Федерација.

Скопје, 12 април 2019

По повод Меѓународниот ден на космонавтиката, пред споменикот на Јуриј Гагарин, кој се наоѓа на истоимената улица во Скопје, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, ја организираше традиционалната церемонија на положување цвеќе. Пред многубројните гости на настанот, се обрати Амбасадорот, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.
По церемонијата беа пуштени 58 балони со ликот на Јуриј Гагарин.

Книга и изложба за рускиот цар Николај Втори и неговото семејство

Скопје, 4 април 2019

Во Музејот на македонската борба беше промовирана книгата „Романови: Љубовта е посилна од смртта“. Отворена беше и фотодокуменарна изложба посветена на 100-годишнината од мачеништвото на рускиот цар Николај Втори и неговото семејство.
Пред присутните се обрати Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, а книгата ја промовираше Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
За историските факти, за убиството на рускиот цар Николај Втори, царицата Александра, нивните деца кнегињите Олга, Татјана, Марија и Анастасија и престолонаследникот Алексеј, присутните беа запознаени од излагањето на д-р Жила Ленина.
Книгата има околу 1000 страници, а е во издание на „Св. Ѓорѓи Полошки“ при Повардарската епархија.

Ден на шегата и смеата во Охрид

Охрид, 1 април 2019

Во игротеката „Хепи Ленд“ во Охрид, се одржа маскенбал организиран од раководителот Александра Панова и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, посветен на денот на шегата и смеата 1 април. Во рамките на настанот децата, меѓу кои беа и децата на руските сонародници, кои присуствуваа на маскенбалот самостојно направија карневалски маски, дознаа нешто ново за тоа за што се користеле маските во Русија и играа руски народни игри.
Главен настан на денот беше доделувањето на награда – роденден во игротеката и во врска со тоа се одржа избор на најдобра маска. Родителите и децата навистина креативно му пристапија на ова прашање. Меѓу учесниците имаше самовили, принцези, пеперутки, Петар Пан, пирати, кученце од „Патролни шепи“, Супермен и други омилени детски ликови.

Изложби - “Холокаусот: уништување, ослободување, спасување” и “Опсадата на Ленинград”

Скопје, 28 март 2019

Денес во во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во Скопје, беа отворени две фотодокументарни изложби - “Холокаусот: уништување, ослободување, спасување” и “Опсадата на Ленинград”. На присутните им се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и раководителот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикаријо. Изложбата на уникатни документи и фотографии ќе биде отворена во наредните две недели. 

14-годишнина од основањето на Македонско-руската стопанска комора

Скопје, 25 март 2019

Денес во Скопје се одбележа 14-годишнината од основањето на Македонско-руската стопанска комора. Пред присутните се обратија претседателот на Комората Ѓорѓи Дика, Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Северна Македонија Љупчо Николовски и извршниот директорот на Комората Дејан Бешлиев.
Заедничко беше задоволството од нагорната тенденција во трговската размена со Руската Федерација, зацртаните планови за нејзиното интензивирање, како и постигнатиот успех во реафирмирањето на работата на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка чиј копретседател е министерот Љупчо Николовски.

150-годишнина на Периодниот систем на Менделеев

Охрид, 22 март 2019

Во НУ „Библиотека Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерациjа се одржа предавање, посветено на големиот руски и светски научник Дмитриј Иванович Менделеев, кој во 1869 год. го открил периодниот систем на хемиските елементи. Предавањето го одржа проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул и професор по биохемија. Учениците од охридските училишта имаа можност да слушнат за животот на Менделеев и да се запознаат со значењето на периодниот систем на елементите и законитостите во него (атомска маса, атомски број, енергија на јонизација, електронегативност). Сите ученици, од почесниот конзул добија подарок - Периоден систем на хемиските елементи.
Во чест на 150-годишнината од откривањето на Периодниот систем од страна на Менделеев, УНЕСКО ја прогласи 2019 година, за Меѓународна година на периодниот систем.

Во Скопје се одржа националната етапа на меѓународниот конкурс "Жива класика"

Скопје, 16 март 2019

Во основното училиште "Димитар Миладинов" во Скопје се одржа националната етапа на меѓународниот конкурс "Жива класика", во организација на искусниот професор по руски јазик на школата "Озарение" Елена Демчиќ. На настанот присутствуваа аташето за култура Михаил Крапива, преведувачот и поет Олга Панкина. На конкурсот учествуваа ученици од 10 до 17 години од Скопје, Крива Паланка и Охрид. Учесниците од Охрид посетуваат курсеви по руски јазик организирани од Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Конкурсот беше корисна и интересна етапа во изучувањето на рускиот јазик за сите учесници.

Празнување на Масленица во Скопје

Скопје, 9 март 2019

Во Скопје на 9 март се празнуваше Масленица. Во празнувањето учествуваа руските сонародници, како и љубителите на руската култура. Меѓу присутните беа и амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин со сопругата, заменикот шеф на мисијата, Константин Берсенев и почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
Масленица е древен словенски празник со многубројни обичаи, кои што низ вековите се пренесувале до денес. Масленица се одбележува во седмицата пред Велигденскиот пост.
Масленица означува весело испраќање на зимата и радосно дочекување на пролетта. Најважни карактеристики на празникот се: страшилото Масленица, забави, прошетки, и се разбира палачинки – округли и румени, кои порано имале ритуално значење и го симболизирале сонцето.