ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Новости и настани

Ден на руската дипломатија

 Битола, 10 февруари 2020

Во Битола, пред споменикот Руски крст, традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија. Пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. По обраќањето на амбасадорот, делегација на Амбасадата на Руската Федерација, предводена од С.А. Баздникин положи цвеќе пред споменикот. Со положување цвеќе, почит оддадоа и Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, Сергеј Самсоненко, Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, поранешниот почесен конзул на Руската Федерација во Битола, Даринка Крстанова, делегации на Министерството за надворешни работи на Република С. Македонија, градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска, претставници од дипломатско-конзуларните претставништва, генералниот директор на „Лукоил“ и делегација на Меѓународниот славјански универзитет од Свети Николе, „Г.Р. Державин“, делегации од зддруженијата за македонско-руско пријателство и др.

Руската дипломатиja e дипломатија со длабока историја и традиција. Денот на Руската дипломатија, се одбележува во руските дипломатски мисии и конзуларни претставништва ширум светот. Рускиот крст во Битола е подигнат во спомен на рускиот императорски конзул во Битола, Александр Аркадјевич Ростковскиј, кој е познат во историјата како заштитник на обесправеното македонско население. Тој трагично го загубил животот во 1903 година од раката на османлиски војник.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon