ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Новости и настани

Положено цвеќе на споменикот на бранителите на Матка

Скопје, 9 мај 2019

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македо-нија, одбележувајќи ја 74 годишнината од Победата над фашизмот, денес традицио-нално беше положено свежо цвеќе на меморијалниот споменик на „Матка”. 

Споменикот е подигнат во чест на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои на 12 и 13 ноември 1944 година храбро загинаа во одбрана на браната „Матка”. Тие ја одбранија „Матка”, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици кои можеше да ги има рушењето на оваа брана. Пред присутните се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и претставници на Организацијата на борците од НОВ.

Покрај Амбасадорот Н.Е. С.А.Баздникин со делегацијата од Амбасадата и Почесните конзули на Русија во Охрид и Битола, цвеќе положија и делегации од Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи, Советот на Град Скопје, градоначалникот на оштина Центар, претставници од Организацијата на борците од НОВ, амбасадори, воени аташеа од повеќе амбасади, претставници на Еврејската заедница, претставници на компаниите Лукоил и Газпром и бројни граѓани.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon