ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Новости и настани

Во сеќавање на

А.С. Пушкин

Охрид, 20 февруари 2019

На 20 февруари во НУ „Библиотека Григор Прличев“ во Охрид се одржа настан организиран од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и библиотеката „Григор Прличев“ посветен на сеќавањето на А.С. Пушкин чија годишнина од трагичната смрт се одбележува во февруари.
Темата беше избрана за учениците од трето одделение, во чија наставна програма се обработува „Сказна за рибарот и рипката“, напишана од големиот поет во 1833 година. Предавањето се одржа со присуство на две одделенија од основното училиште „Христо Узунов“.Со воведен збор на учениците им се обрати соработникот на библиотеката Милчо Јованоски кој раскажа за делата на Пушкин кои се чуваат во библиотеката, а исто така и за јубилеите на охридските писатели во февруари, а потоа предавањето за едно од најпознатите дела на Пушкин за деца го одржа соработникот на Почесниот конзулат д-р Елена Обухова. 

Во рамките на предавањето децата погледаа цртан филм според сказната, се запознаа со историјатот на нејзиното создавање а исто така се запознаа и со тоа преку кои средства се откриваат карактерите на ликовите во сказната и во цртаниот филм.Децата активно учествуваа во дискусијата за сказната, заеднички изработија плакат на тема „Златната рипка“, работеа со слики од дејството на сказната, а исто така го изразија и своето мислење за тоа колку опасна оже да стане таквата црта на карактерот како што е алчноста и раскажаа за тоашто сепак треба да им се посака на луѓето кои не опкружуваат.На настанот исто така присуствуваа и охрисските поети и писатели Славе Ѓорго Димоски, Смиле Наумоски, Мирко Томоски и Тоде Илиевски, кои на децата им посакаа да ги реализираат своите креативни способности.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon