ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Новости и настани

Одбележан денот на руската дипломатија

Битола, 8 февруари 2019

Во Битола, пред споменикот Руски крст, традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија. Пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, кој меѓу другото истакна:

„...Имаме намера да промовираме позитивна обединувачка агенда. Отворени сме за конструктивна соработка со сите земји кои се подготвени да соработуваат чесно, за изнаоѓање прифатливи компромиси од заемна полза. Се разбира, подготвени сме за унапредување на пријателските односи со Република Македонија во различни области, до толку интензивно до колку за тоа се подготвени нашите партнери. Братските народи на нашите две земји се поврзани со блиски духовни и културни врски со повеќевековна историја. Ова е солидна основа за натамошно подобрување на односите за доброто на нашите народи...“.
 

По обраќањето на амбасадорот, делегација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, предводена од Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин положи цвеќе пред споменикот. 

Со положување цвеќе, почит оддадоа и Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, делегација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола, поранешниот почесен конзул на Руската Федерација во Битола, Даринка Крстанова, делегации на Министер-ството за надворешни работи на Република Македонија, Општина Битола и други општини, претставници од дипломатско-конзуларните претставништва, генералните директори на „Лукоил“ и „Те-То“, делегација на Меѓународниот славјански универзитет од Свети Николе, „Г.Р. Державин“, претставници на организции и претпријатија од Битола, делегации од зддруженијата за македонско-руско пријателство и др. Со своето присуство почит оддаде и Неговото Високо-преосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски Г. Петар.

Руската дипломатиja e дипломатија со длабока историја и традиција. Нејзините почетоци датираат уште од 838 г. во времето на древна русија, кога била испратена руската амбасада во Константинопол, со цел да се воспостават директни контакти со Византија.

В 1549 година Иван Грозни му ги предал на располагање на потсекретарот Иван Михајлович Висковатиј (Висковатов), подоцна главен секретар на Думата, еден од најобразованите луѓе тоа време сите "амбасадорски работи". Со тоа започнал со работа Амбасадорскиот ресор како посебна установа, која се занимавала со работи од надворешната политика.

Денот на Руската дипломатија, се одбележува во руските дипломатски мисии и конзуларни претставништва ширум светот. Рускиот крст во Битола е подигнат во спомен на рускиот императорски конзул во Битола, Александр Аркадјевич Ростковскиј, кој е познат во историјата како заштитник на обесправеното македонско население. Тој трагично го загубил животот во 1903 година од раката на османлиски војник.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon