ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Новости и настани

Настани посветени на 75. годишнината од востанието во логорот на смртта Собибор

Скопје, 17 октомври 2018

На 16 и 17 октомври 2018 година во Скопје се одржаа настани, посветени на 75. годишнината од востанието во логорот на смртта Собибор.

На 16 октомври во Меморијалниот центар на Холокаустот на евреите од Македонија, беше отворена тематска изложба. На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, граѓани, претставници на различни институции, бизнис и општествени кругови и претставници на руската дијаспора. 

Пред присутните се обратија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и генералниот ди⁠ректор на Фондот на Холокаустот на евреите од Македонија, Горан Садикарио.

На крајот од настанот пред присутните настапи М. Богоевски, ученик од основното училиште „Димитар Миладинов“, со рецитирање на стихотворбата „Бухенвалдскиот аларм“ на руски и македонски јазик и вокалниот ансамбл на руските сонародници „Чајка“, кој исполни делови од советски песни од воените години.

Следниот ден во Меморијалниот центар со поддршка на Кинотеката на Македонија, беше одржана проекција на филмот „Собибор“ од рускиот режисер К.Хабенски. Пред почетокот на проекцијата беа пуштени во воздух сто балони, во сеќавање на жртвите на нацистичкиот терор.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon