Новости и настани

„Ноќните волци” во Охрид

Охрид, 3 јули 2018

Од 22 јуни до 20 јули 2018 година, по десетти пат руските „Ноќни волци” ќе го реализираат меѓународниот мото марш „Словенски свет”. За 22 дена тие ќе поминат повеќе од 8.500 километри низ повеќе држави: Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија и др., со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа. Во текот на својот пат тие ќе одржат прес конференции, тематски семинари и форуми, со цел развивање на дијалог меѓу луѓето од различни националности, особено дијалог меѓу младите, чие мирно небо се гради денес.

 

Денес, тие го посетија Охрид, при што одржаа прес конференција на која што ја објаснија целта на овој проект и одговараа на новинарски прашања.За време на нивниот престој во Охрид, тие беа примени од почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Притоа, во име на учесниците на мото маршот, Евгениј Страгов на почесниот конзул му подари икона на преп. Александар Невски, а од почесниот конзул доби подарок слика во стакло од црквата Св. Јован Канео.

Покрај својата обединувачка идеја, проектот „Словенски свет” е насочен и кон популаризација на словенската историја, култура и писменост. Учесниците во мото маршот ќе ги посетат и древните центри на словенската култура. Во сите етапи од овој проект учествуваат повеќе од 10.000 луѓе.Едно од најзначајните места на маршутата на овој мото марш е и градот Охрид.

 

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon