Новости и настани

Доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик во Скопје

Скопје, 8 јуни 2018

Во амфитеатарот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик кој го организираше Рускиот центар при Универзитетот. На конкурсот во учебната 2017/2018 година за изучување на рускиот јазик кој го распиша Рускиот центар, се пријавија 550 канидати во Скопје и 70 во Охрид.
Во изминатата недела тие имаа прилика да покажат што научиле на крусевите, полагајќи ги завршните испити на сите нивоа на изучување на јазикот.
 

Настанот го отвори директорот на Рускиот центар, проф. д-р Велимир Стојковски, кој изрази задоволство од бројот на пријавени кандидати за изучување на рускиот јазик во изминатите две години, како и од постигнатиот успех при полагањето. Истовремено, тој изрази и благодарност за помош при реализација на програмата на Фондот „Руски мир“ и претставникот на Россотрудничество во Македонија, г. Артјом Румјанцев. Пред присутните се обрати и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој се осврна на организациската поставеност на Центарот и програмата на неговото работење. Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, ги поздрави курсистите и уште еднаш го потенцираше значењето на рускиот јазик во глобални рамки.

 

На крајот од церемонијата на врачување сертификати, курсистите се заблагодарија на Рускиот центар при УКИМ и на Руската Федерација, за можбноста што ја добија за бесплатно изучување на рускиот јазик.Заедно со завршените курсисти во оваа учебна година, бројот на посетители на крусевите по руски јазик за две години достина повеќе од 1600 лица од сите возрасти.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon