Новости и настани

„Пушкинови денови“ во општина Кисела Вода (Скопје)

Скопје, 6 јуни 2018

Во организација на oпштина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, денес во „Паркот Пушкин" во oпштина Кисела Вода во Скопје, со пригодна свеченост беше одбележана 219 годишнината од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.

Манифестацијата „Пушкинови денови” прерасна во традиционална и оваа година таа се одржа по десетти пат.

Манифестацијата започна со положување на цвеќе пред бистата на А.С. Пушкин, која се наоѓа на истоимената улица, од страна на делегацијата на општина Кисела Вода предводена од секретарот на општината г. Александар Алексовски, аташето за култура во Амбасадата на Русија, г. Михаил Лушин и почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред присутните од името на ошштината се обрати А. Алексовски, а од името на Амбасдата М. Лушин.

 

Во свечениот дел настапија Рускиот вокален ансамбал Чајка, КУД Славјанка, студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Асоцијацијата по изучување на рускиот јазик Озарение и ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, победници на натпреварот за руска песна во Софија.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon