Новости и настани

Ден на словенската писменост и култура

Охрид, 24 мај 2018

На 24 мај во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ во Охрид, во организација на Почениот конзулат на Руската Федерација во Охрид се одржа предавање во чест на денот на Св. Кирил и Методиј. Предавањето под наслов „Староруски записи на кора од бреза“ го одржа д-р Елена Обухова. Посетителите на настанот дознаа многу нови работи за староруските записи, добија информација за рускиот портал на кој може да се  прочита кој било од досега пронајдените записи и да се погледне преводот на текстот кој тие го содржат, а исто така дознаа за истакнатиот истражувач на овие записи проф. А. Зализњак.

Староруските записи на кора од бреза датираат од XI—XV век. До денес се пронајдени повеќе од 1100 записи кои претставуваат кратки писма, записи за долгови, записи на трговците, а поретко текстови на молитви или препишани извадоци од Библијата како наставен материјал за учениците. Записите се интересни поради тоа што веќе во XI век во Русија имало доста писмени луѓе, при што не само од духовенството или од богатите слоеви на населението. Се зачувале и текстови кои ги пишувале и деца на 6-7 годишна возраст. Интересен е и фактот дека во тоа време писмени биле како мажите, така и жените.

И покрај својата лаконска форма записите содржат некои значајни историски моменти. Дури благодарение на прегледот на имиња може да се заклучи дека во тие времиња заемното влијание меѓу источните и јужните словени било доста широко (во текстовите се среќаваат имиња како Стојан, прекар Потка (Патка) и т.н.), а исто така интересен е развојот на самата лексика која е заедничка за рускиот и македонскиот јазик (така, од еден од записите станува јасно потеклото на зборот  „достаточно“ – на македонски „доста“, кое е директно поврзано со зборот „достать“ (дофати), „достигнуть“ (достигне).

 

Сите овие факти зборуваат за тоа колку за нашите народи се важни историјата на древната писменост и литературните споменици кои се зачувале до денес.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon