Новости и настани

Во Охрид отворена изложбата „Врелиот снег на Сталинград“

Охрид, 11 мај 2018

По повод 73 години од победата во Големата Татковинска војна и манифестациите за одбележување на Денот на победата, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Општина Охрид, во Куќата на Уранија во Охрид беше отворена изложбата „Врелиот снег на Сталинград” посветена на Сталинградската битка.

Присутните ги поздравија Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, градоначалникот на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ на Охрид и Дебарца, г. Гоце Георгиевски и вториот секретар на Амбасадата на Руската Федерација, г. Алексеј Кривошеев.

Присутните на отварањето на изложбата и сите кои ќе ја посетат во текот на следната недела, преку изожените фотографии ќе можат да се запознаат со една од најкрававите  и најжестоките битки во историјата.

 

Сталинградската битка се водела на огромна територија од речиси 100 илјади квадратни километри, а во определени фази на битката од обете страни учествувале над 2,1 милиони луѓе, со над 26 илјади топови и минофрлачи, 2,1 илјади тенкови и над 2,5 илјади борбени авиони.

Битката кај Сталинград траела од 17 јули 1942 до 2 февруари 1943, и во неа Советската армија загубила 480.000 војници, а фашистичката коалиција 500.000 војници, како и огромни загуби на цивилно население.

Поразот на фашистичката хитлеровска коалиција во битката кај Сталинград била почеток на пресвртот во Втората светска војна во полза на антихитлеровската коалиција. 

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon