Новости и настани

Положено цвеќе на споменикот на бранителите на Матка

Скопје, 9 мај 2018

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, одбележувајќи ја 73 годишнината од Победата нае фашизмот, денес традиционално беше положено свежо цвеќе на меморијалниот споменик на „Матка”. Споменикот е подигнат во чест на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои на 12 и 13 ноември 1944 година храбро загинаа во одбрана на браната „Матка”.  Битката за  браната на хидроцентралата „Матка”, е една од клучните битки во ослободувањето на Скопје. 

 

 

 

Тие ја одбранија „Матка”, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици кои можеше да ги има рушењето на оваа брана.

Покрај Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. О.Н. Шчербак со делегацијата од Амбасадата и Почесните конзули на Русија во Охрид и Битола, цвеќе положија и делегации од Армијата на Република Македонија, Советот на Град Скопје, претставници од Организациајта на борците од НОВ, амбасадори, воени аташеа од повеќе амбасади, претставници на Еврејската заедница, руски компании во Македонија, и бројни граѓани.

 

Пред присутните се обрати амбасадорот О.Н. Шчербак, осврнувајќи се на значењето на победата над фашизмот за мирот во целиот свет и улогата на Русија во извојувањето на победата. Притоа, амбасадорот нагласи дека секоја втора жртва во оваа војна е дадена од страна на Русија. Затоа, наш долг е да направиме се за да го зачуваме засекогаш споменот за хероите-антифашисти.Во Втората Светска војна народите на Југославија изгубија 1.700.000 луѓе, а само Македонија 33.000 од кои 7.000 депортирани евреи и претрпеа огромна материјална штета.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon