Претседателски избори во Русија 2018

Новости и настани

Охрид, 7 јануари 2018

Согласно со Уставот на Руската Федерација, на 18 март 2018 година ќе бидат спроведени избори за Претседател на Русија.
Во врска со тоа, ги известуваме сите руски сограѓани кои живеат на територијата на Охридскиот конзулски округ, како и тие со времен престој по различни основи, дека ќе можат да го остварат своето гласачко право. За таа цел, ги молиме сите оние кои имаат право на глас, да извршат проверка / пријава во избирачкиот список во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, односно своите потатоци да ги пратат на адресата на Амбасадата (skopje@mid.ru) или пак на адресата на Почесниот конзулат во Охрид (russconsul@inbox.ru).

Лицата со право на глас, од територијата на Охридскиот конзулски округ, во чиј состав влегуваат општините Охрид, Струга, Ресен, Дебарца, Вевчани, Дебар, Демир Хисар, Кичево и Центар Жупа, ќе можат да гласаат во просториите на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид на 16 март 2018 год. Сите оние кои што нема да можат своето гласачко право да го остварат во просториите на Почесниот конзулат во Охрид, од субјективни или други причини, ги молиме благовремено да не известат за да можеме да излеземе пресрет и да го организираме нивното гласање.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon