Отворена е изложбата „Русите во Македонија (1920-1940)“

Новости и настани

Скопје, 18 декември 2017

Во Музејот на Македонската борба за државност и независност во Скопје, свечено беше отворена изложба на документи и фотографии со наслов „Русите во Македонија (1920-1940)“. Изложбата е во организација на Државниот архив на Република Македонија, Институтот за национална историја, Музејот на македонската борба за државност и самостојност и Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Пред многубројните присутни, меѓу кои руски сонародници, потомци на руската емиграција, претставници на дипломатскиот кор, прет-ставници на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, директори на јавни институции, претставници на руските фирми во Македонија и др., се обратија директорот на Државниот архив, г. Кирил Петров, проф. д-р Жила Ленина, организатор на изложбата, г. Олег Малинка, од името на потомците на руската емиграција, како и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак.

Во своето обраќање, меѓу другото амбасадорот истакна: „...Многустраната дејност на руските емигранти која го збогати животот на народите во Македонија и до ден денешен останува приказна која е малку истражена. Исто така, многу е значајно тоа што, токму македонската страна иницираше одржување на изложба на оваа тема. Тоа покажува дека во македонското општество ги ценат диховното и материјалното наследство на руското огниште кое тука беше создадено во 20-тите години од минатиот век, како и тоа дека во македонското општество се стремат да ги зачуваат сеќавањата за иладници мои сонародници кои во тие тешки за нив години во Македонија најдоа свој втор и гостопримлив дом.

Русите секогаш на доброто враќаат со добро и како благодарност за топлиот прием тие дарежливо ги делеле со македонците своите таленти и знаења, топлината на нивните срца и широчината на нивите души. Руската колонија во Македонија стана силен пример за заено кутурно збогатување кое ја зацврсти тесната духовна врска межу народите на нашите две земји и во голема мерка предодреди високо ниво на руско-македонските односи на современа етапа. Амбасадата на Русија е подготвена на секој начин да ги поддржува сите иницијативи насочени кон истражување и промовирање на плодотворната дејност на руската емиграција во Македонија...“.

Во оваа пригодна прилика амбасадорот О. Шчербак од името на претседателот на Руската Федерација г. В.В.Путин, на Елена Силјаноска, претседател на руското друштво „Чајка“ и го врачи државниот медал „Пушкин“.  На крајот од свеченото отворање пред присутните настапи хорот „Чајка“, по што присутните можеа да ја разгледаат оваа исклучителна изложба.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon