Новости и настани

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 17 јуни до 2 јули 2017 година во Охрид ja организира 50. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Ова година Семинарот го следат стипендисти од 19 земји: Австрија, Азербејџан, Италија, Канада, Полска, Република Кореја, Романија, Руска Федерација, Словачка, Словенија, Соединетите Американски Држави, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка.

 

 

Покрај задолжителната наставна активност, во вечерните часови се предвидени термини за презентации, промоции и интерактивни настани  со кои ќе се збогати научната и културната понуда за учесниците. Во рамките на овие термини се промовираат најнови научни и книжевни изданија, се овозможат средби со познати македонски автори, проекција на документарни филмови од областа на културата и етнологијата и сл. Исто така, во овие термини учесниците имаат можност да организираат вечерни настани, со кои ќе ја  претстават својата земја.

Руска вечер на Меѓународниот семинар за македонски јазик

 

Охрид, 30 јуни 2017

Така, на 30 јуни, студентите и професорите од Руската Федерација, со поддршка на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, организираа руска вечер. Во склоп на настанот беше прикажан филм за руските градови, што беше проследено со краток поетски приказ на секој град поодделно, на македонски и руски јазик, исполнет од исполнет од С. Заболотнаjа и Е. Обухова. Потоа, на присутните им беа покажани и беа вклучени во исполнувањето на три руски игри: «Тетjора», «Дудар» и «Змиjа», а вечерта продолжи со дегустација на традиционални руски специјалитети, посебно приготвени за оваа пригода (руска салата, сочники (пециво со блага урда), кекс, палачинки со мед, слатко, благо варено млеко и црн чаj).

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon