Во Охрид беше промовирано руското издание на

руско-македонската марка

Фото:  www.ohrid.gov.mk
 

Новости и настани

Охрид, 21 февруари 2017

Во куќата Уранија во Охрид се одржа презентација на руската марка од заедничкото издание на руско-македонската марка, организирана од Амбасадата на Русија во Република Македонија, Почесниот конзул на Русија во Охрид и општина Охрид, по повод 23-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Настанот го отвори Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, кој ги пренесе поздавите од Амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак и го прочита поздравното писмо од генералниот директор на АД „Марка“, Артем Ваљеревич Адибеков.

Потоа градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески им се обрати на бројните гости, меѓу кои беа и пратеници во Собранието на Република Македонија, директори на јавните установи од Охрид, претставници на руско-македонското друштво, претставници на почесните конзулати од странските земји во Охрид, советници во градскиот совет и претставници на бизнис заедницата.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon