Во Рускиот центар доделени првите дипломи

Новости и настани

Скопје, 17 февруари 2017

Во просториите на Ректоратот на Универзи-тетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) беа доделени сертификатите за руски јазик на курсистите од првиот турнус на бесплатните часови по руски јазик што ги организира Рускиот центар при УКИМ. На настанот на курсистите им се обратија директорот на Рускиот центар проф. д-р Велимир Стојковски, ректорот на Универзите-тот проф. д-р Никола Јанкуловски и амбасадо-рот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак.

Во своето обраќање кон присутните директорот на Рускиот центар при УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски го потенцираше значењето на рускиот јазик во глобалното општество.
Во своето обраќање ректорот Јанкуловски го изрази своето задоволство од големата заинтересираност за изучување на рускиот јазик и од постигнатиот резултат на курсистите.

Амбасадорот на РФ во РМ Олег Николаевич Шчербак, пак, го изрази своето големо задоволство од досегашната работа, како и од плодовите од неа.

Тој ја искористи оваа можност да најави дека Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ќе продолжи да го поддржува проектот за изучување на рускиот јазик во Рускиот центар при УКИМ. 
Од Рускиот центар при УКИМ информираат дека курсевите ќе продолжат со уште поголем интензитет, со цел да им излезе во пресрет на сите 980 пријавени кандидати, а вториот турнус започнува веќе на 20 февруари 2017 година.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon