Презентација на туристичките можности на Охрид во Москва

Новости и настани

Москва, 29 март 2017

Во хотелот “Златен прстен” во Москва, општината Охрид со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација и Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, ги презентираше туристичките можности на Охрид.

Презентацијата ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација НЕ Гоце Карајанов, по што градоначалникот на општина Охрид, г. Никола Бакрачески ја претстави историјата и културата на Охрид, неговото значење за целиот словенски свет и светската цивилизација, како и неговите туристички можности. Во склоп на презента-цијата беше прикажан филм за Охрид. 

Големиот број присутни руски туроператори, новинари и официјални претставници на Руската Федерална агенција за туризам, изразија големо задоволство од организаци-јата на настанот и воодушевување од тоа што го видоа за Охрид. Истовремено, тие изразија подготвеност Охрид да биде вклучен во нивните туристички понуди. 

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon