Новости и настани

Во рамките на одбележувањето на 9 мај – Денот на победата над фашизмот, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, денес на  платото пред СЦ. „Јане Сандански“ во Скопје, постави „Ѕид на сеќавањето“ како дел од манифестацијата „Бесмртниот полк“.

Денес, оваа манифестација која прв пат се одржала во 2012 година во рускиот град Томск,  е дел од манифестациите во кои учествуваат милиони луѓе во повеќе од 50 земји во светот.

На тој начин им оддаваме почит на своите блиски, роднини, пријатели и сите ветерани кои се бореле против фашизмот за време на Втората светска војна.

 

 

Во борбите против фашизмот народите на Југославија изгубиле 1.700.000 луѓе од кои само Македонија дала 33.000 жртви. Наш долг е да го чуваме споменот за хероите кои своите животи ги дале за слободата, благодарејќи на што генерации по Втората светска војна му се радуваа на животот. Да го чуваме споменот, за да не заборавиме. Чувајќи го минатото, ја чуваме иднината.

На манифестацијата, покрај амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, заменик-шефот на Мисијата, претставници на Амбасадата, почесните конзули на Руската федерација во Охрид и Битола, претставници на здруженијата на руските сонародници, здруженијата на руско-македонското пријателство, претставници на борците од Народноослободителна борба, претставници на општествениот и политички живот, присуствуваа и бројни граѓани.

 

„Бесмртниот полк“ Македонија

 

Скопје, 5 мај 2018

Покрај поставувањето на „Ѕидот на сеќавањето“ , истовремено на платотот беше организирана и културно-уметничка програма од ученици од скопските училишта кои го изучуваат рускиот јазик и од гостите од рускиот град Електростал, кој е збратимен со градот Струмица.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon