Новости и настани

Координативниот совет на руските сонародници во Република Македонија, во Скопје организираше прием по повод Денот на народното единство.

Покрај руските сонародници, соработниците од Амбасадата и почесниот конзул на Русија, В. Стојковски, на приемот учествуваа и претставници на научните, културните, образовните и бизнис круговите во држа-вата.

Пред присутните се обратија претставникот на Координативниот совет на руските сонародници во Република Македонија, г. Андреј Тимофеев и Првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, г. Александар Евгењевич Алексеев. 

Денот на народното единство е поврзан со настаните од 1612, кога од Москва биле протерани полските агресори. Херои во тие настани биле гувернерот на Нижни Новгород, Козма Минин и рускиот кнез Дмитриј Пожарски, кои командувале со народното востание.

Прв во ослободениот град влегол Дмитриј Пожарски со светата икона на  Казанската Богородица во неговите раце. Имено, таа како што верувале во Русија, помогнала да се заштити Московската Држава од полската инвазија.

Во Македонија се одржа прием по повод Денот на народното единство

 

Скопје, 3 ноември 2016

Минин и Пожарски ветиле дека ќе изградат црква, која сега се нарекува Соборната црква на Казанската Богородица. Таа се наоѓа на аголот на Црвениот плоштад.
Во чест на Казанската Богородица и славната победа на руската војска над полските агресори, Претседателелот на Руската Федерација, Владимир Путин во 2005 година потпиша декрет за утврдување на нов државен празник во Русија – 4 ноември, Ден на народното единство.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon