ПОЧЕТНА      ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ      КОНЗУЛСКИ ОКРУГ      УСЛУГИ      НОВОСТИ И НАСТАНИ      ЗА РУСИЈА      КОНТАКТИ      

flag_rus.gif
flag_s.jpg

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, на 29 фавруари 2016 г. свечено му го врачи конзулскиот патент од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација на проф. д-р Велимир Стојковски, за неговото назначување за Почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

На Почесниот конзул Велимир Стојковски му е определен конзулски округ кој ги вклучува териториите на општините Охрид, Струга, Ресен, Дебарца, Вевчани, Дебар, Демир Хисар, Кичево и Центар Жупа.

Согласно Законот за надворешни работи, Владата на Република Македонија донесе Одлука за давање согласност за отворање Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид и Одлука за давање согласност за именување Почесен конзул, а Министерството за надворешни работи на Република Македонија на почесниот конзул Велимир Стојковски му издаде егзекватура.

© 2016 Почётное консульство Российской Федерации в Охриде

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon